Почитувани,

 

со големо задоволство Ве покануваме на дискусијата и работилница за длабински цртеж Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура и уметност кои се случуваат во Младинскиот културен центар (џебно кино) на 17 и 18 октомври, во рамки на дискурзивно – едукативната програма „Совршениот уметник“ и програмата „Добри практики“.

Денешната дискусија (17-ти октомври, среда) ќе започне во 19.30 часот а ќе гостуваат Мирослав Кариќ и Марија Радош, куратори во Галерија Ремонт од Белград, уметничката Верица Ковачевска по нејзината резиденција во Њујорк како добитничка на наградата ДЕНЕС во 2018 год. и ќе се промовира фанзинот „Примус бр. 2 – AKTO“ кој е создаден од студенти на ФЛУ - Скопје.

 

На 18-ти октомври (четврток) од 12 часот во МКЦ ќе се одржи и работилницата за длабински цртеж со Горан Стојчетовиќ кој го разгледува цртежот како рефлективна мапа на душевно - духовните состојби и процеси и самото цртање како фокусирање на мисловниот тек.

Талент за цртање не е потребен! Работилниците се бесплатни а пријавувањето може и денес на следниов мејл organizationfru@gmail.com

Повеќе информации има во дополнувањето на мејлот.

 

Се надеваме дека ќе ни се придружите!

 

Срдечно,

тим на Факултет за работи што не се учат (ФР~У)
--
Ivana Vaseva
Program director and curator
Faculty of Things that Can't Be Learned (FR~U)
http://www.akto-fru.org
+ 389 (0)70 905 212
Skopje, Macedonia