Излезе новиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост“, втор од 4-те предвидени броја за 2018-та година.
На 170 страници, новиот број вклучува поезија од: Ристо Маџунков, Васил Дрвошанов, Мирјана Стојановска, Васил Тоиновски, Мира Смаќоска-Танеска, Долорес Атанасова - Лори, Александра Спасеска, Љупка Антеска, Љубица Шопова, Александар Василиј Станојков и Даниела Хаџи-Тоневска, раскази од: Владимир Костов, Петре Димовски и Сања Михајловиќ-Костадиновска, драмски текст од Трајче Кацаров, интерпретации од: Звонко Танески, Славчо Ковилоски, Вера Гошева, Стефан Марковски, Стефан Влахов-Мицов, Христо Петрески и Снежана Алексиќ-Станојловиќ, преводи и препеви на балканските автори: Жарко Јовановски, Евелина Митева и Васили Папа-Јануши, студија од Игор Радев, како и критички прегледи од: Јордан Плевнеш, Бобан Богатиновски, Славица Гаџова-Свидерска, Љубинка Донева, Васил Тоциновски, Лара Миховиловиќ, Сеад Хусиќ, Елизабета Јончиќ, Мери Јосифовска и Мишо Китаноски.
„Современост“ е најстаро македонско списание за литература и уметност, чиј прв број излезе во 1951 година, како директен наследник на првото македонско списание за уметност, наука и општествени прашања „Нов ден“, оформено во 1945 г. во уредништво на Блаже Конески, Славко Јаневски, Коле Чашуле и Владо Малески.