Ве покануваме на јавна дискусија, на која повторно ќе разговараме за предлог измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

На јавната дискусија говорници ќе бидат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникација, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.

Јавната дебата ќе се одржи на 20.11.2017 (понеделник), во 10:00 часот, во хотел Александра Палас.

Целта на оваа дебата е сите засегнати страни да придонесат со свои препораки за измени во законската регулатива.

Освен претставници на релевантни институции и асоцијации, јавната дебата е отворена за сите заинтересирани граѓани.


Марија Теговска, MA

Советник за односи со јавност

Кабинет на министер

Телефон: +389 2 3200 880| Мобилен: +389 71 294 459

Е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.