КУЛТУРЕН ФОРУМ
„ПРЕДАНИЕ И КОНТИНУИТЕТ“ 2017

Тема:
ПОСТМОДЕРНА

Зошто културниот форум „Предание и континуитет“ - 2017 се одржува во знакот на постмодерната? Затоа што таа е единствениот жив глобален феномен во актуелната историја, кој со предностите, противречностите и слабостите ги мачи подеднакво сите проникливи умови. Со оглед на неговите разнообразни квалитети ќе биде изложен на искрена критика. За да биде сеопфатно разбран ќе биде разгледан од трите базични дискурси: теолошко-философскиот, книжевниот и уметничкиот. Така ќе ги определиме предностите како потенцијални елементи на неговата благородна функција во иднината. Противречностите како предизвици, со чие разгатнување точно ќе се определи што е позитивно, а што негативно. Слабостите како елемент што произлегува од негативното во противречноста, кои неопходно треба да се преобразат, или ако се непроменливи - да се надминат.

ПРОГРАМА:
04. (петок) август 2017 - Теолошко-философски поглед на постмодерната.
Краток воведен концерт со изведба на кавалски езгии од Мајстор Азем и
Проф д-р Ристо Солунчев и Теофан Санџакоски.
Учесници:
Проф д-р Ристо Солунчев - Философски факултет, Скопје;
Проф. д-р отец Стефан Санџакоски - Теолошки факултет, Скопје;
Проф. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ - Теолошки факултет, Скопје;
Калистрат Санџакоски - дипломиран теолог, Струга

05. (сабота) август 2017 - Книжевно-поетски поглед на постмодерната
Учесници:
Митрополит Американско - канадски г-дин Методиј (Златанов);
Димитрие Дурацоски - писател и сликар;
Проф. д-р Иван Додовски - Американски универзитет, Скопје;
М-р Ненад Јолдески - писател, Струга

06. (недела) август 2017 - Архитектонски и уметнички поглед на постмодерната
Учесници:
Д-р Небојша Станковиќ – Принстон универзитет, САД;
Доц. д-р Димитри Кумбароски - Универзитет Евро-Балкан, Скопје;
Игор Котларовски - инжинер - архитект, Скопје;
Владимир Симоновски - скулптор, Битола

Почеток на дискусиите: 20:30 часот
Место: Фоаје на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга

+++

Литургиската заедница при манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ - Калишта, организира културен форум со наслов „Предание и континуитет“. Овој форум во иднина треба да стане традиционален и да зафаќа актуелни теми од културниот живот на Црквата со учество на угледни предавачи од Македонија и странство. Работната тема на овогодинешното издание на форумот е Постмодерната.

Организациски одбор:
Теофан Санџакоски, претседател
Калистрат Санџакоски
Таиса Санџакоска
Димитри Кумбароски
Димитрие Дурацоски

 

+++

Небојша Станковиќ се стекнал со докторат од областа на ранохристијанската и средновековната уметност и архитектура на Универзитетот во Принстон во Јуни 2017 година. Неговиот главен интерес се однесува на византиската и средновековната архитектура и монументалната уметност во релација со литургијата и обредите, како и манастирската архитектура. Тој исто така се интересира за романтичното и идеалистичното во современата архитектура. Автор е на бројни научни трудови.
Предавал на универзитетите во Ниш и Принстон. Бил стипендист и на Думбартон Оукс библиотеката при Харвардскиот универзитет.
https://princeton.academia.edu/Neboj%C5%A1aStankovi%C4%87

 

+++

Професорот Иван Додовски е декан на Факултетот за политички науки при Универзитетот Американски Колеџ во Скопје. Претходно бил декан на Факултетот за странски јазици на истиот универзитет. Докторирал на Универзитетот во Нотингем на тема руски и славистички студии, современа блаканска драма и културни студии. Тој е исклучително плоден писател и критичар.
http://www.uacs.edu.mk/…/…/uploads/2016/05/Ivan-Dodovski.pdf

 

+++

Ненад Јолдески дипломирал и магистрирал на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Тој е еден од најталентираните современи македонски млади писатели. Автор е на збирките раскази „Штамата на Енхалон“ и „Секој со своето езеро“. Во 2016 година ја доби наградата за литература на Европската Унија.
https://njoldeski.wordpress.com/

 

+++

Димитрие Дурацоски е можеби најомилениот современ македонски писател и сликар со меѓународна репутација. Може да се каже дека е жива подвижна енциклопедија. Двократно е наградуван со рациновото признание за романите „Инсомнија“ и „Бледи сенки“.