Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружението на новинарите на Македонија и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР распишува: „Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2016 година во Македонија“.

Прилозите треба да се однесуваат на искуството на бегалците, барателите на азил и потенцијалните баратели на азил, како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.

Поднесоците треба да припаѓаат на една од следниве категории:

    напис или серија написи
    емисија, прилог или краток документарец
    фотографија

Повеќе информации за јавниот повик може да најдете на следниот ЛИНК.