Асоцијација за Пулмонална
Хипертензија
МОМЕНТ ПЛУС –Р.Македонија
Известување за медиуми
Почитувани:
Асоцијација за пулмонална хипертензија „Момент плус’’ е невладина,
непрофитна организација која се грижи за лицата болни со пулмонална хипертензија и
нивните семејства на територијата на Р.Македонија.
Пулмонална хипертензија е ретка болест која предизвикува оштетување на
белите дробови и срцето. Доколку овие пациенти не се на третман нивниот живот е 2,8
години. За жал и во Македонија третманот е во фаза на усогласување на потребите на
пациентите. Овие лица изгледаат надворешно здрави, но се со невидлив хендикеп и
поодмината фаза се врзани за количка и кислородна терапија.
ПХ Момент плус е основана во 2013 година и е членка на европската
асоцијација за пулмонална хипертензија.член во европскиот форум за белодробни
заболувања и член во алијансата за ретки болести.

Секоја година традиционално во
мај го одбележува светскиот ден на пулмонална хипертензија под мотото:
ОСТАНИ БЕЗ ЗДИВ ЗА ПАЦИЕНТИЕ СО ПХ
Во Македонија во моментов според неофицијали информации има
регистрирано 10 пациенти на кои им е потребна третман. Но реалната бројка е многу
поголема и често овие лица пред да бидат точно дијагностицирани талкаат во
здравствениот систем.
Овие лица не се во можност да ги извршуваат своите секојдневни основни
потреби и се принудени да се откажат од своите соништа и желби поради тежината на
состојбата.Поради ова кампањата за подигање на свеста на глобално ниво е поврзана
со спортски активности ,планинарење ,трчање итн се со цел да се стави акцент на тој
момент кога и здравите во вакви дејности остануваат без здив,чувствуваат
умор,срцебиење т.е секојдневието на пациентите со Пулмонална Хипертензија.
И оваа година АПХ Момент Плус се приклучува кон:
Остани без здив за ПХ на Скопскиот Маратон
во име на здружението ќе има свои претставници.Ќе има над 60 тркачикои кои
ќе ги носат маичките со логотот ‘‘Остани без здив‘‘ во сите категории на маратон
(42км,21км,5км). Како и минатата година подршка со трчање имаме од познатиот
македонски пејач Бени Шаќири кој не себично секоја година зема учество во
нашите манифестации,подршка од Весна Кириџиева, подршка од училиштето
Ул.Танче Камберов 29-Гевгелија +38977883540 & +38978355465 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Жиро сметка: 270 0690846201 47 Халк Банка ЕДБ: 4006013509460
Асоцијација за Пулмонална
Хипертензија
МОМЕНТ ПЛУС –Р.Македонија
Најк Ранерс,спортски тим Арт Лотус од Прилеп.Тркачи од цела Македонија
кои имаат желба и хумани срца да помогнат во борбата на овие пациенти. Секако
главна подршка од Скопски Маратон.
Еден од учесниците оваа година е и Бугарскиот председател на
здружението за пулмонална хипертензија Тодор Мангаров кој воедно е и пациент
со оперирана Пулмонална Тромбоемболична хипертензија, кој е во одлична
кондициона подготовка. Здруженијата на двете земји се во континуирана соработка и
размена на искуства и добри практики. Тодор Мамгаров оваа година на маратонот
заедно со ѓургица ќаева (пациент и претседател на македонското здружение за ПХ)
во количка за инвалиди ке го трча триумфалниот круг за подршка на лицата со
ПХ во Република Македонија, кои сеуште немаат комплетен адекватен третман и
мултидисциплинарен третман.
Веруваме дека на овој начин широката популација на гледачи ке може да ја
препознае болеста, иако тешко се дијагностицира основаното сомнение ќе спаси
многу пациенти во иднина да го пронајдат правиот пат во системот.
Воедно ќе бидеме пресреќни доколку овој настан сте во можност да го
проследите заедно со нас.
Со почит :
АПХ Момент Плус
Irena Gjurcinovska -Secretary /078494986