Во текот на месец април 2017 год. ќе се реализира проект кој е дел од годишната програма на Националната галерија на Македонија, во рамките на меѓународната соработка подржана од Министерството за култура на Р.М., во Македонскиот културен центар во Њујорк, САД (Gallery MC New York) ќе биде отворена изложба на графики на уметницата Теута Хоџа Имери.


„Апстрактно конципираниот графички израз на Теута претставува авторефлексивна, автореферентна слика на жена-мајка, жена-сопруга и жена-творец. Во оваа тријада, таа се обидува да го актуелизира и прашањето за сопствениот идентитет во длабоко втемелената општествена хиерархија...

Уметноста на Теута Хоџа Имери без сомнение претставува лирска експресија на интимно доживеаното искуство. Секоја графика поединечно претставува тивка софистирана визуелна ламентација, која низ нејзините хронолошки емотивни состојби се прелева и прогресира од една графика во друга. Автобиографското писмо на Теута претставува визуелно преведување на нејзиниот личен став низ различните животни мени...“                                                                                                                                                                                    Љупчо Маленков, виш кустос