МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
СКОПСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈАПРАЗНИЧНА ПРОГРАМА  ОД БАДНИК ДО СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ


(ОД 05 ДО  20 ЈАНУАРИ 2017 ГОДИНА ПО НОВ СТИЛ.)

05 јануари - четврток, Преподобен Наум Охридски
09.00 часот:  Архиерејска Златоустова литургија во ман. „Св. Наум Охридски“ – н. Радишани.

06 јануари - петок, Бадник - Св. мч-чка Евгенија
07.30 часот: Утрена; Царски часови и литургија на Св.Василиј Велики со Вечерна.
17.00 часот: Велико Повечерие.

07 јануари - сабота, Рождество Христово - БОЖИК
09.00 часот: Архиерејска Златоустова литургија. Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан, ќе  богослужи во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

08 јануари - недела, Собор на Пресвета Богородица, втор ден Божик.
09.00 часот: Архиерејска Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ - Центар.

09 јануари - понеделник, Свети архиѓакон  и првомач. Стефан - трет ден Божик.
09.00 часот: Архиерејска Златоустова литургија во црквата „ Св. Петка“ – н. Црниче.

14 јануари - сабота, Обрезание Господово; Свети Василиј Велики; Православна Нова Година.
09.00 часот: Архиерејска литургија на Св. Василиј Велики и Молебен по повод Новото лето Господово 2017. Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, ќе  богослужи во  црквата “Св. пр.  Илија“ – н. Аеродром.

18 јануари - среда, Водокрст; св. мч-ци Теопемпт и Теона; св. пр. Михеј.
07.30 часот: Утрена; Царски часови; литургија на Св. Василиј Велики со Вечерна и Голем Водосвет.

19 јануари - четврток, Богојавление - ВОДИЦИ
09.00 часот: Златоустова Литургија и Голем водосвет. Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, ќе  богослужи во  храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Богојавленските литии во 11,45 да бидат на мостот кај „Холидеј Ин“.

Околу 12.00 часот Поглаварот на Македонската православна црква ќе го спушти Светиот и животворен Крст во водите на реката Вардар.

20 јануари - петок, Собор на Св. Јован Крстител.
09.00 часот:  Архиерејска Златоустова литургија во храмот „Св. Јован Крстител“ - Ново Лисиче.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!  

Од канцеларијата на Скопската Православна Епархија