Изминатите  денови  Рана  Чакрабарти  од  Пало  Алто,  Калифорнија,  САД,  кој  е  експерт  за  кориснички искуства од светскиот софтверски гигант „SAP“ и лидер во корпоративни иноваци  и  работеше со пет македонски компании и група од 30 - тина студенти со цел креирање на иновации  кои во фокусот го ставаат корисникот и ја зголемуваат конкурентноста на производите и услугите на компаниите на регионалните и глобалните пазари.

Производите  на  кои  што  се  работеше  беа  од  три  индустрии  кои  се  очекува  да  имаат  експоненцијален раст во следните три до пет години и тоа „Персонализирана медицина и  генетика“, „Вештачка интелигенција и развој на софтвер“ и „Идни модели во образованието“.
Рана  Чакрабарти од  гигантот  „SAP“  во  Македонија  дојде  на  покана  на  „Њуменс  бизнис  акцелераторот“  во  чии  простории  се  организираше  и  работилницата,  а  со  поддршка  на  Програмата за претприемништво на Владата на Швајцарија  - „SwissEP“ софтверската компанија  „SAP“ стана спонзор и на натпреварот „НАСА Спејс апс челинџ“ кој што акцелераторот го организира во Македонија веќе 3 години по ред.
„SAP“ ова лето отвори и повеќе милионски фонд за инвестирање токму во решенија на млади  претприемачи и стартап тимови од Европа и САД.

Оттука во следните два дена експертот ќе се фокусира на работа со македонски стартапи и млади  претприемачи на кои ќе им помогне да креираат кориснички мапи и сценарија за одлични искуства,  чекор  по  чекор  да  го  преиспитаат  секој  аспект  на  нивниот  производ  и  да  ги  откријат  проблематичните точки, како и да развијат атрактивна приказна за проблемот што го решава  нивниот производ или услуга.