Фото Сојузот на Македонија во својата седумдецениска мисија е незаобиколен чинител во полето на фотографија кај нас. Фото Сојузот со својата организациона, педагошка и уметничка работа овозможи фотографијата да го заземе своето заслужено место меѓу другите уметнички дисциплини, а и пошироко.


Најквалитетното од годишната продукција се прикажува на централната манифестација “Денови на македонската фотографија“.  Програмата на “Денови на македонската фотографија“ е замислена и реализирана како низа од активности: годишна национална изложба на фотографии, самостојна изложба на автори, фотоработилници...


Последните пет години добија и интернационален карактер бидејќи се презентира и фотографското творештво на една од блиските земји.

Во соработка со Турскиот Културен Центар институт “Јунуз Емре“-Скопје, оваа година ќе биде презентиран дел  од турската фотографска продукција, на изложбата која ја насловивме под името:  “10 автори 10 мотиви“.

Насловот на изложбата ја покажува разноликоста во мотивите и интересот на фотографите во Турција. Современата турска фотографија секако бара многу повеќе простор и многу повеќе автори што можеби ќе биде предмет на една голема репрезентативна изложба во иднина. Но, и со овој фонд на фотографии и автори  во избор на Др. Туна Акчај, ќе бидеме во можност да се запознаеме со нивото, правците и авторски стремежи во современа турска фотографија денес.
Фото Сојуз на Македонија

 На почетокот би сакал во име на турските фотографи да изразам дека сме особено среќни што ја имаме приликата да учествуваме на овој настан. На почетокот на 2000-те години со развојот на дигиталната ера, во Турција се појавија нови талентирани фотографи. Јас и моите ценети колеги развивме разни стратегии со цел да креираме еден нов индентитет и тренд на турското фотографство. Ние, фотографите од Анадолија вложуваме максимален труд за пренесување на моќта на фотографијата и на визуалноста во секоја област. Особено се обидуваме одново да ги заживуваме заборавените културни вредности и оние културни вредности кои веќе почнале да се заборават и истите да им ги презентираме на младите од нашата земја и на луѓето од целиот свет. Ние, сме се одлучиле да бидеме носители на една мисија која ќе биде лојална на својот идентитет, која своите културни вредности вечно ги негува во колективната меморија на општеството и која вековната историја на нашата земја ја промовира пред целиот свет. Во оваа насока ги реализираме нашите активности и организираме средби за реализација на нашата голема цел – оснивање на Унијата на европските фотографи.   

Нашата цел во учеството во овој проект во Скопје и изборот на фотографии и фотографи кои учествуваат на овој настан, е промовирање на идентитетот на турското фотографство. На изложбата, преку 10 различни фотографи се промовирани 10 разни теми. Фотографите учесници на оваа изложба се врвни имиња од оваа област кои се почестени со еминентни награди на национално и меѓународно ниво. На оваа еминентна изложба меѓу нас ја имаме Кападокија одразена од оптиката на мајсторот на турскота фотографија Хамит Јалчин, фотографот кој од различна гледна точка ги вреднува минарињата на Истанбул Џемил Шахин, едната од најуспешните фотографки од Турција Лејла Емектар, духот на новиот анадолски тренд на турска фотографија Махмуд Екиџи, човекот кој со својот академски идентитет ја коментира фотографската уметност Др. Муаммер Улутурк, уметничкиот дух на Конја Мустафа Бинол, фотографот кој фотографирајќи ги Јуруците допира до виталните вени на Турција Мустафа Ѓумуш, личноста која разнобојната природа на Кастамону преку своите фотографии ја пренасува до целиот свет Суат Џумали Ѓунѓор, човекот кој ја креира својата уметност во источниот дел на Турција Тајфун Чифтчи и јас, кој археолошките и историските монументи се обидувам да го коментирам со уметничка димензија и во име на моите колеги и во мое лично име би сакала да изразам дека ни претставува огромна гордост што сме дел од овој настан. Преку оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на Фото Сојуз на Македонија на чело со Боро Рудиќ и на вработените на Институтот Јунус Емре за нивниот труд во организирање на овој настан. Турска фотографија и турската уметност и во иднина ќе биде секогаш во врни односи со љубителите на уметноста во Македонија. Нека ни биде вечно единството.   


Куратор на изложбата

Автори:

Внатрешнината на џамиите    Џемил Шахин    Cemil Sahin
Кападокија    Хамит Јалчин    Hamit  Yalcin
Неокласицизам    Лејла Емектар    Leyla Emektar
Дервишите на Мека    Мемдух Екиџи    Memduh Ekici
Лица на три различни религии    Др. Муаммер Улутурк    Dr. Muammer Uluturk
Ху... со љубов    Мустафа Бинол    Mustafa Binol
По трагите на Јуруците    Мустафа Ѓумуш    Mustafa Gumus
Јесен во Кастамониа    Суат Џумали Ѓунѓор    Suat Cumali  Gungor
Зима во западна Турција    Тајфун Чифтчи    Tayfun  Ciftci
Естетска археологија и историја    Др. Туна Акчај    Dr. Tuna Akcay