во Skopje City Mall !

Над 100 ученици денес преку креативни работилници, експерименти и демонстрации на првиот ден од настанот „Месец на наука“ докажуваат дека науката е сеуште интересна тема!Учениците од основните и средните училишта од државава денес на отворањето и првите активности од „Месец на наука“ покажаа дека сакаат да ја изучуваат и практикуваат науката преку различни методи и форми на едукација за истата.

Денес Скопје Сити Мол се исполни со ученици кои се дојдени да покажат дека науката е сеуште интересна за истражување и надградување. Преставници на Друштвото на физичарите на Р. Македонија (ДФРМ), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштво на биолози на Р. Македонија, Македонско астрономско друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво, Природно - математички факултет и  преставник на Skopje City Mall истакнаа дека  „Ноември - месец на науката“ има тенденција да прерасне во традиционален и истиот да биде надграден и проширен .


Во рамките на овој настан, викендов учениците се натпреваруваат во изработки, демонстрации и експерименти, а во игротеката Имагинариум се одвиваат детски креативни работилници, каде најмалите се запознаваат со природните законитости на науката.
Настанот изобилува со многу активности,  и е одлична можност за целата фамилија на интересен и креативен начин да се запознае и едуцира со разни сегменти од науката.
 Деталната програма може да ја погледнете на www.skopjecitymall.mk/naukaСектор за маркетинг и односи со јавноста,
Скопје, 04.11.2016 година