Еминентни теолози од Македонија, Бугарија, Србија, Италија, Русија три дена ќе дебатираат на темата „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата“, во рамки на големата меѓународна конференција, што од утре до 22 октомври ќе се одржи во Конгресниот центар во Охрид.

Отворањето на конференцијата е предвидено утре во 17 часот на кое ќе зборува Претседателот Ѓорге Иванов, проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Конференцијата е организирана од Православниот богословски факултет „Свети Клиемнт Охридски“ – Скопје под покровителство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, а е дел од Државната програма за одбележување на 1100 годишнината од упокојувањето на свети Климент Охридски.

 

Извор: http://www.ohridnet.com/vesti/ohrid/10125-golema-megjunarodna-konferencija-za-sveti-kliment-ohridski-vo-ohrid-