НУ Национална галерија на Македонија се вклучува на иницијативата на Министерството за култура на РМ, да на 7-ми септември во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“ ги отвори вратите за посетителите во сите три објекти.

Во среда на 7-ми септември ке може да се погледнат следните изложби:  

Даут-пашин амамИзложба на дела од креативната работилница на деца од предшколска возраст во соработка со Македонското Монтесори здружение под наслов ,, Градина на бои- Допри ја уметноста 3,, ​

Во текот на целиот ден посетителите ќе можат да ја погледаат постојаната поставка од колекцијата на Национална галерија на Македонија од XIV-XX век​
     Чифте амамИзложба на Игор Тошевски со наслов Помеѓу​   

  Мала станицаПерформанс „Галерија на портрети – минимализан за кучиња, портрети“
 Националната галерија на Македонија Ве информира дека влезот е бесплатен, посетите ќе можат да се реализираат до 22 ч. и Ви посакува пријатен престој. НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА МАКЕДОНИЈА