Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи во соработка со  Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ, Институтот за национална историја на Македонија и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Република Македонија, врз основа на воспоставената соработка и потпишаниот Меморандум за соработка, организираат научна конференција на тема: “Меѓународните договори од XIX до XХI век и евроатлантските интеграции на Република Македонија”,
Конференцијата ќе се одржи по повод јубилејот 25-годишнината од независноста на Република Македонија, на 07.09.2016 (среда) со почеток во 10:00 часот, во Свечената сала на МАНУ.
На конференцијата ќе се обратат академик Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите и г-дин Арбер Адеми, вицепремиер за европски прашања во Владата на Република Македонија, додека, со свои воведни обраќања, конференцијата ќе ја отворат  академик Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ и H.E. Абдулкадар Мемеди, директор на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР.
На двата панела се предвидени повеќе говорници, видни личности од научната и стручната јавност, кои ќе се обратат на теми и прашања поврзани со 25-годишнината од независноста на Република Македонија, посветени на историскиот и правно-политичкиот субјективитет на Република Македонија во меѓународните договори, во контекст на евроатланските интеграции на Република Македонија.
На конференцијата ќе присуствуваат и претставници на други државни институции, универзитети и претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија.
Во прилог доставуваме и програмата на Конференцијата.

 

 

К О Н Ф Е Р Е Н Ц И Ј А Т А

МЕЃУНАРОДНИТЕ ДОГОВОРИ ОД XIX ДО XXI ВЕК

И ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

(по повод 25-годишнината од независноста

на Република Македонија)

МАНУ, 7 септември 2016 година (среда), 10.00 часот

П Р О Г Р А М А

10:00 ؘ– 11:00          Официјално отворање

  • Воведниобраќања:

акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ

H.E. Абдулкадар Мемеди, директор на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР

  • Поздравни обраќања:

акад. Таки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите

г-дин Арбер Адеми, вицепремиер за европски прашања

во Владата на Република Македонија

г-дин Илија Исајловски, заменик министер за надворешни работи (ТВС)

          

11:00 – 11:15 Кафе пауза

На двата панела, говорниците ќе имаат свои излагања на теми и прашања поврзани со 25-годишнината од независноста на Република Македонија посветена на историскиот и правно-политичкиот субјективитет на Македонија во меѓународните договори, во контекст на евроатлантските интеграции на Република Македонија.

За време на одржување на конференцијата ќе се применува „non-attribution“ правилото (на академска слобода).

11:15 – 13:00 Прв панел: Македонија во меѓународните договори

од XIX век до Втората светска војна“

Модератор:    доп. член Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја, УКИМ, Скопје

Панелисти:    проф. д-р Марјан Димитриевски, Институт за национална историја, УКИМ, Скопје

проф. д-р Владо Поповски, Правен факултет, УКИМ, Скопје

проф. д-р Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Република Македонија

проф. д-р Мелина Гризо, Правен факултет, УКИМ, Скопје

Дискусија

13:00 13:15 Кафе пауза

13:15 – 15:00 Втор панел: „Македонија и меѓународните договори од АСНОМ до денес“

Модератор:    акад. Владо Камбовски, раководител на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ

Панелисти:    проф. д-р Владимир Ортаковски, Факултет за безбедност –

Скопје

проф. д-р Ветон Латифи, Универзитет на Југоисточна Европа

проф. д-р Илбер Села, Државен универзитет – Тетово

Дискусија

                                           

15:00 – 15:30 Заклучни согледувања од Конференцијата

акад. Владо Камбовски

H.E. Абдулкадар Мемеди

доп. член Драги Ѓоргиев

проф. д-р Скендер Асани

15:30              Коктел