Ве известуваме дека на 1 јули (петок) во изложбениот простор Domagk Halle 50 во Минхен, ќе биде отворена во организација на Институтот за култура и уметност Арс акта-Скопје во соработка со Александар Спасоски, координатор на проектот во  Минхен. На изложбата ќе земат учество десет македонски современи уметници: Славица Јанешлиева, Гоце Наневски, ОПА (Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски), Нада Прља, Игор Сековски, Борис Шемов, Александар Спасоски, Крунислав Стојановски, Игор Тошевски и Велимир Жерновски. Затворањето ќе биде на 7 јули, додека на 3 јули ќе се одржи тркалезна маса од отворен карактер со кураторот Ана Франговска и дел од уметниците кои учествуваат во изложбaта. Освен претставување на изложбата, уметниците (групата ОПА, Нада Прља и Крунислав Стојановски) имаат прилика да творат и престојуваат во Домак ателјеата, во времетраење од месец дена.

„Во потрага по заедничко тло 2“ по своето прво издание во Баку, Азербејџан продолжува со преиспитување на социјалните, о изложбата „Во потрага по заедничко тло 2“пштествените, политичките и културните позиции и репозиции кои имаат своја рефлексија врз македонската уметничка сцена. Со тоа, оваа изложба дава визуелен преглед и одговор на некои аспекти од нашето секојдневие преку различни индивидуални пристапи на избраните визуелни уметници. Некои од нив се ангажирани, некои од нив едноставно даваат коментар, некои се партиципативни, но сите тие заземаат пристап кој ги дефинира уметниците како социјално вклучени индивидуалци. Тие се осврнуваат на различни аспекти на социо-политичкиот живот, кои ги фрустрираат и ги поттикнуваат да креираат и создаваат уметност.
Куратори на изложбата се Ана Франговска и Бојана Јанева-Шемова.

Изложбата е овозможена од Министерството за култура на Р. Македонија и Дирекцијата за меѓународна културна соработка  на Град Минхен, Оддел за уметност и култура.
За организаторите: Институтот за уметности и култура Арс Акта се залага за промовирање на нови уметнички дисциплини, технологиии и медиуми, како и за интегрирање на уметноста и културата низ најразлични форми во институционални и вонинстиционални дејствувања. Веруваме дека со негување на интердисциплинарен пристап во креирањето и промовирањето на уметноста и активно вклучување на заедницата, се влијае врз развојот на цивилното општество, социјалниот развој и кохезија, а со тоа се придонесува кон посилен граѓански активизам во областа на културата и уметноста.Проектите организирани од Арс Акта Институтот се насочени кон новите појави во современата уметност и кон социо-политичките промени во општеството.W: www.arsacta.wordpress.com E: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.