„МЕТАФИЗИЧКИ СИНО“ ОД ФИЛИП КЛЕТНИКОВ – НАЈНОВОТО ПОЕТСКО ИЗДАНИЕ НА МАГОР

Издавачката куќа Магор неодамна ја објави новата поетска збирка од Филип Клетников, „Метафизички сино“.

За вредноста и тежината на овој нов изблик на Клетников, академикот Ферид Мухиќ напиша: „Со новата збирка, овој млад поет објавува вистински поетски едикт за животот и смртта! Темите за кои поезијата знае повеќе од која било друга уметност или наука. Оваа збирка е еден таков дострел.

Збирката на Филип Клетников во себе ги компримира и на поетски начин ги пренесува сознанијата од огромната материја на филозофските, религиските и на книжевните тематизации на клучниот бином ‘животот/смртта’, посредуван со централната метафора ‘влезот/излезот’.“

„Метафизички сино“ може да се набави во кафе – книжарницата Магор и во останатите книжарници во Скопје.