Sample Image

 

На ден 16. 07. 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот, Повардарската епархија ќе организира групна крштевка во водите на реката Бабуна во Велес. Чинот на Светата Тајна – Крштение ќе го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. Групната крштевка во водите на реката Бабуна се организира по деветти пат во Велес. Крштевката како и досега ќе биде бесплатна, а можат да се пријават само лица постари од 14 години. Пријавувањето ќе се врши секој работен ден во просториите на Повардарската епархија во Велес од 08 -16 часот.

Извор: Повардарска епархија