54- ти Денови на Македонската Фотографија е традиционална манифестација  во организација на Фото сојузот на Македонија, која преку изложби, предавања и работилници има за цел да ја популаризира фотографијата и да го прикаже творештвото на македонските автори во претходната година.

Оваа година,  Деновите на Македонската Фотографија, во соорганизација на Фото клубот “Охрид“ од Охрид, ќе се одржат од 20 до 22 мај, а програмата ќе се одвива во Галеријата на културниот дом “Григор Прличев“, како и во Институтот за филм, Филмска Академија Охрид (ФИОФА).

Оваа манифестација е поддржана од Министерството за Kултура на Македонија.


П Р О Г Р А М А за ДМФ 2016
Охрид, 20-22 мај 2016 година


Петок, 20.05.2016 година

•    Пристигнување на учесниците на ДМФ во попладневните часови во Охрид и сместување во хотел Табана,  до 19 и 30h.           
•    20.00 ч. - проекција на документарен филм за Вивиен Маер во Институт за филм, Филмска Академија Охрид (ФИОФА) - Охрид
•    Дружење на учесниците

Сабота, 21.05.2016 година

Од 11.00 ч. - блок со презентации и видеа за фотографите во Институт за филм, Филмска Академија Охрид (ФИОФА):

•    Цветан Гавровски,
•    Боро Рудиќ,
•    Александар Кондев,
•    Љупчо Илиевски
•    Фото кино клуб „Битола“,
•    Презентација на колекции на автори кои  добиле звања Ф1 ФСМ во минатата година:             Дејан  Ангеловски, Филип Илиевски, Глигор Максимовски од ФК „Козјак“ и Дејан Колевски - самостоен автор,
•    Проекција на краток докуметарен филм - "Dark Light: The Art of Blind Photographers",
•    20.00 ч. Отворање на изложбата на фотографии - Денови на македонската фотографија - 2016, во Домот на културата во Охрид.
•    Дружење на учесниците

Недела, 22.05.2016 година

•    09.00 ч. Прошетка со фотографирање и дружење, со брод, од Охрид до Св.Наум и назад
•    10.00 ч. Прошетка низ Охрид со фотографирање и дружење на учесниците (ако не се реализира патувањето до Св.Наум)12.00 ч

12.05.2016 година                

Организаионен одбор на ДМФ
                           
Александар Кондев
Драги Неделчевски
Горан Цветковски



Повелете да се дружиме!

Срдачен поздрав,
Председател на Фото Сојуз на Македонија
Боро Рудиќ