На 18 мај 2016 г., во 19 часот, во Галеријата на Српската академија на науките и уметностите ќе се отвори изложба на академик Глигор Чемерски.

На отворањето на изложбата ќе присуствуваат акад. Луан Старова, потпретседател на Македонската академија на науките и уметностите и акад. Влада Урошевиќ. Исто така, се очекува изложбата да ја поздрави и министерката за култура на Република Македонија, д-р Елизабета Канческа-Милевска.

МАНУ