Утревечер (23 февруари), со почеток во 19,30 часот, во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде прикажан долгометражниот игран филм МЕДЕНА НОЌ во режија на Иво Трајков. Приказната е инспирирана од новелата “Уво” на Јан Прохаска, еден од најдобрите сценаристи во историјата на чешката кинематографија. Главните улоги ги толкуваат актерите Никола Ристановски и Верица Недеска, а филмот е во продукција на „Кавал филм“.