Почитувани пријатели,
Тихомир Јанчовски и тимот на „Децата од нашата улица“ ве повикуваат да учествувате во акцијата „Подари љубов, подари книга“.

Сите ние дома имаме книги кои веќе сме ги прочитале и оставиле на некои од полиците каде фаќаат прашина.
Оваа сабота ќе имате одлична можност токму тие книги да ги подарите со цел да се формира библиотека за пациентите на болничкиот оддел на УКРО – Универзитетската клиника за радио – терапија и онкологија во Скопје.

Локација: Настанот ќе се одржи во кафе – книжарница „Децата од нашата улица“ (поранешна Ленинова, спроти Бастион)

Време: Започнуваме во 11 часот и остануваме до 15 часот.

За целото тоа време организиравме попладневно матине, каде во замена за вашата подарена книга Шоте ќе ве послужи кафе, чај или чаша вино, а Тихомир ќе пушта музика.

Медиумски поддржувач на овој настан е Радио Бубамара.

Останати поддржувачи на настанот се: Борка • Здружение за борба против рак и Првото Антиканцер здружение „Животна искра“.

Исто така имаме поддршка и од издавачките куќи „Или – или“ и „Матица“ со тоа што ќе донираат книги за библиотеката.

Дојдете во сабота, во 11 часот, подарете книга и останете на дружење со убав пијалак и убава музика.

Се гледамe!

 

Тихомир Јанчовски


Почитувани,

Оваа акција се организира со цел болните во неколку болници низ Македонија да може да добијат можност за позајмување книга од библиотека на одделот каде што лежат. Сигурно дома имате по неколку книги кои се вредни и убави а се чудите што да им правите. Одберете некоја таква книга и подарете ја во сабота.

П.С. Немаме ништо со министерството, ни со власта ни со опозицијата. Ова е чисто граѓанска иницијатива. Идејата беше на еден млад доктор кој рече дека болните кај него на одделот не гледаат телевизија, а немаат што да читаат. Јас веднаш се сложив и со Шоте договоривме да направиме матине за настанот. Прошетајте се во сабота до парк и подарете книга. Ако сакате останете и на кафе. Вие си знаете.