Ве информираме дека во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, на 23 декември 2015 година, (среда) во 19,30 часот ќе се отвори изложба на современата чешка уметност со наслов „Правило и исклучок“, а на 24 декември, во 12.00 часот ќе се одржи предавање апропо изложбата од страна на кураторката Мариана Серанова. Настаните ќе се реализира во објектот Чифте амам.

 

Уметници вклучени во изложбата се: Алеш Чермак (Aleš Čermák), Ева Јиржичка (Eva Jiřička), Ева Котјаткова (Eva Koťátková), Барбора Клеинхамплова (Barbora Kleinhamplová) и Тереза Стејскалова (Tereza Stejskalová), Вацлав Магид (Václav Magid), Маркета Магидова (Markéta Magidová) и Јан Феифер (Jan Pfeiffer), Јан Манчушка (Ján Mančuška), Слава Соботовичова (Sláva Sobotovičová), Роман Штетина (Roman Štětina), Адам Вачкар (Adam Vačkář) сите одлични претставници на чешката современа визуелна сцена.

 

 Делата претставени на оваа изложба претставуваат само мала илустрација за перформативните пристапи кои често се применуваат во последниве неколку години, особено од страна на помладата генерација на чешки уметници. Популарноста на театарските средства на сцената на ликовната уметност уште позначително влијаат на практиката и теоријата, а актуелната дебата говори за влијанието на театарот, театралноста или кореографскиот аспект. Изборот, меѓу другото, прикажува одреден развој меѓу помладата генерација уметници од Чешка, кои се оддалечуваат од императивот на еманципиран учесник кој го создава делото, во корист на повеќе опфатени парчиња кои го апсорбираат набљудувачот или публиката. Форматот првенствено се состои од видео записи на изведени акции и перформанси, кои вклучуваат претходно одбрано сценарио. На изложбата има дела кои се создадени и документирани во разни автентични средини со помош на претставници на различни социјални групи и проекти во кои учествуваат професионални актери или изведувачи. 

Насловот на изложбата, Исклучок и правило, е позајмен од истоимената „драма за учење“ од Бертолд Брехт (Die Ausnahme und die Regel), чии хипотези, особено во смисла на пристап кон гледачот, општествен ангажман на уметноста како агент на социјални промени и ослободување на обесправените класи, се во врска со „социјален пресврт" и едукативни трендови меѓу оние кои најмногу се спомнувани од авторите во последните две децении. Освен драми и идеи на сцена-теорија, Брехт, поради директната поврзаност со Валтер Бенјамин, што се гледа од 1920 година па наваму, не само од Школата во Франкфурт, а особено во доцните 50-ти и почетокот на 60-тите години, со своите ставови и пракса влијае врз многу генерации, како чешката авангарда меѓу војните и повоениот театар. Брехт и неговото критичкото читање сè уште може да има различна конотација на Исток и на Запад. Додека во западниот дискурс тој служел првенствено како еден од највлијателните извори за обраќање до активниот набљудувач во контекст на партиципативната и колаборативна уметност (на пример, К. Бишоп), веднаш по Втората светска војна неговиот концепт на епскиот театар на Истокот беше еден од столбовите на "реалната" идеја на театарската пракса.

            Куратор на изложбата е Маријана Серанова, која овој проект го организира во соработка со Ана Франговска и истата ќе биде поставена до 3 јануари 2016 година

 

Со почит,

 

Национална галерија на Македонија