Во организација на Националната галерија на Македонија, на 9  октомври 2015 година (петок) во 18 часот ќе се отвори изложба на Ивана Пирковска со наслов Порака од твојот универзум  во Македонскиот културен центар (или Gallery MC) во Њујорк, САД

Кустос,   Маја Неделкоска Брзанова

Со почит,

Национална галерија на Македонија

===

Ивана Пирковска е родена 1988г. во Скопје, Р. Македонија. Во 2011г. дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за ликовни умет­нос­ти, на Катедрата за скулптура и сценографија,  во клaсата на проф. Ибрахим Беди.
Како мултидисциплинарен автор кој се занимава со различни современи уметнички
медиуми, таа го истражува и полето на астрофизиката и експерименталната музика кои сe трансцедентален извор на нејзината креација. Од 2013-2015 г. реали­зи­рала две само­стојни изложби во НУ.Национална галерија на Македонија и во МКЦ, ка­ко и учества на бројни групни изложби, перформанси и работилници. Во 2015 е на­гра­дена за најдо­бро скулптурско дело на натпреварот „Young Art  2015“, од  Агенцијата за млади и спорт на  Р.М.  На 9 октомври самостојно ќе се презентира во галеријата MЦ во Њу­јорк,  со концептуалистичкиот проект
 „Порака-од твојот универзум“.

 


 „    ПОРАКА
од твојот универзум“

Интерактивниот концептуалистички проектот „Порака – од твојот универзум“ на Ивана Пир¬ковска претставува еден вид отворена астро-лабораторија во која, низ една крајно пуристичка поетика ги ви¬зу¬а¬ли¬зира различните видови галаксии коишто ги идентификува со субјекти, а субјектите со галаксиите. Оттука авторката смета дека целиот космос е обединет во една целост, како во материјална така и во духовна смисла.  Субјек¬тите меѓусебно се поврзани со невидливи енергетски сили, со пораки кои ги примаат од универзумот и кои треба да ги дешифрираат. Рефлексијата од инсталациите на Пирковска, проследена е со космички звуци којшто се само еден од примерите (извор и проток) на информации кој го повикува набљудувачот да се поврзе,да се огледа и да ја слушне пораката од универзумот, зошто универзумот како што ќе запише Н.Тесла „е жив во сите свои манифестации...зашто каменот, растенијата, животните и човекот се мислечки и чуствителни битија. Ѕвездата која сјае бара да ја гледаме, и да не бевме премногу окупирани со себе, би го разбрале нејзиниот јазик и пораки“.
 
  MESSAGE
      from
your universe