СОСТАНОК НА МЕЃУАКАДЕМИСКИОТ СОВЕТ НА АКАДЕМИИТЕ

НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
ВО МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

На 12 јуни 2015 година, петок, во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) со почеток во 10 часот ќе се одржи состанок на Меѓуакадемискиот совет на академиите на науките и уметностите од Југоисточна Европа, на кој ќе присуствуваат претседатели и претставници на: Академијата на науките на Албанија, Академијата на науките и уметностите на Босна и Херцеговина, Академијата на науките и уметностите на Република Српска, Бугарската академија на науките, Косовската академија на науките и уметностите, Македонската академија на науките и уметностите, Српската академија на науките и уметностите и Црногорската академија на науките и уметностите. На состанокот ќе бидат разгледани резултатите од досегашната соработка и заедничките проекти на кои работат академиите како и можностите за продлабочувањето и проширувањето на научно-истражувачката соработка помеѓу академиите  во Југоисточна Европа. Истовремено, на седницата ќе се донесе и заедничка Декларација во која ќе се истакне улогата на академиите и науката во услови на чувствителните мигови во поглед на надворешно и внатрешно политичките, интеграциско-реформските и економските процеси во кои се наоѓа регионот на Југоисточна  Европа, како и за значењето на науката и истражувањето како приоритетно поле и платформа за промоција на меѓусебното разбирање, соработка, толеранција и интеграција.  

МАНУ, 11 јуни 2015 година