Словенечкиот центар од Скопје, по повод Денот на Европа, организира промоција на стихозбирката  ,,Божилак на исконот” од поетот Филип Димкоски. Промоцијата ќе се одржи во петок, 8.5.2015, во 20.00 часот, во Домот на хуманитарните  организации ,,Даре Џамбаз” во Скопје.


,,Божилак на исконот” e втора стихозбирка на Димкоски, во која се поместени дваесет  римувани песни.

,,Искрените, контемплативни стихови на Филип кои на читателите делуваат зрело и доживеано, се навидум мирни, а всушност полни со огромна креативна моќ” - пишува новинарката Марија Таушанска - Анастасовска, во рецензијата кон оваа стихозбирка.

Втората рецензентка пак, професорката Ленка Јованоска, пишува:
,,Поезијата на Димкоски во себе носи топлина, животна вистина и мудрост, а едноставноста на стихот ја прави достапна за секој човек и севременска”.

Kорицата е слика на студентот по ликовна уметност  Кристијан Јованоски - Кетерник, а техничкото уредување и графичкото обликување го направи графичкиот дизајнер Илија Димкоски.

Поезијата на Филип Димкоски е преведувана на англиски, грчки, бугарски, хрватски, српски и словенечки јазик, објавена е во повеќе домашни и меѓународни зборници и списанија. Авторот е добитник на повеќе домашни и меѓународни признанија меѓу кои ,,Млада Струга” на Струшките вечери на поезијата, ,,Најталентиран млад учесник” на Мелничките вечери на поезијата во Бугарија и наградите ,,Јанош Сивери” и  ,,Станислав Препрек” во Србија. Член е на групата ,,Поети од светот” во Чиле.

На промоцијата на ,,Божилак на исконот” во Скопје, ќе има интересни гости што ќе придонесат за еден поинаков  настан со богата уметничка програма. Поканети се сите кои ја љубат поезијата и уметноста воопшто.
 
Сашо Стојковски
Претседател


Словенечки центар - Скопје
ул. "Васко Карангелевски" 25/49,
Скопје 1000,
Република Македонија
Тел. +389-76-981-076
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.