Министерката за култура ќе го отвори 27-то издание на Меѓународниот саем на книгата
Понеделник, 04 Мај 2015 13:41


Понеделник во 19 часот во Метрополис арена (хала 1)

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечерва (4.5.2015 година) во 19 часот во Метрополис арена (хала 1) ќе се обрати на отворањето на 27-то издание на Меѓународниот саем на книгата. На отворањето ќе присуствуваат и проф. д-р Венко Андоновски, реномиран професор и писател, и Горјан Лазаревски, претседател на Здружението на издавачи и книжари на Република Македонија. Саемот на книгата е една од најзначајните културни манифестации во земјава на која ќе се претстават повеќе од 70 издавачи - домашни, но и од регионот и од Европа.

Од 5 до 11 мај на Саемот ќе може да се најдат дела од домашни и од странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.