Во Националната галерија на Македонија, обејект Чифте амам, на 8 април 2015 година (среда), во 14 часот, ќе се отвори изложбата Сите бои на љубовта, изложба подготвена по повод Месецот на аутизмот.

Националната галерија на Македонија преку едукативното одделение во текот на годината организира многубројни настани и изложби од најмладите уметници. Опфатени се сите ученици, сите возрасти на деца независно од физичката или менталната попреченост

 Националната галерија на Македонија особено става акцент токму на овие ранливи групи и постојано се залага за што поголема нивна инклузија во секојдневното живеење и уважување на различностите.  На 3 декември минатата година беше одбележан Мегународниот ден на лицата со посебни потреби, а сега со изложбата под наслов ,, Сите бои на љубовта,, нашата институција го одбележува месецот на Аутизмот. Организирани беа работилници каде голем број дечиња изработија прекрасни слики.

Аутизмот не е болест туку состојба. Тој нема граници, им се случува на луѓето од различни раси и религии. Бројот на аутистични деца е се поголем. Во таа насока сите ние треба да се залагаме за подобрување  на правата и заштита на лицата со аутизам и нивните семејства. Националната галерија на Македонија и во иднина подготвува вакви бројни настани.

 

Со почит,
Национална галерија на Македонија