ИКОНА "ПЛАЧ ЗА НЕРОДЕНИТЕ ДЕЦА"

Plachnanerodenitedeca1
Самарскиот иконописец Сергеј Осипов ја насликал оваа икона која повикува на покајание за гревот абортус. Тој вели:


"Апелирам до локалните иконописци преку медиумите да ја насликаат и да се дистрибуираат копии од оваа икона, да ја фотографираат а за тоа не ме интересираат ниту пари ниту авторски права.


Вчера отидов на гробиштата во селото Рубежани кај Самара каде што е погребан мојот татко. Го расчистував неговиот гроб и отидов да го фрлам ѓубрето надвор од гробиштата и она што го видов ме шокираше. Имам чувство дека Господ ми го покажува сето ова за моето срце да не олади на оваа тема.


Таму долу има гробови а на нив има плочи: "Ембрион", "Фетус" "Отпад".


Се вратив дома во шок а сопругата ми рече: "Добро е што се "погребани" близу до гробиштата."


Во Екатеринбург не многу одамна имало застрашувачки случај, убиените младенци од утробите на мајките едноставно биле фрлени во шумата каде што случајно биле откриени на почетокот на летото.


Сакам со иконата која ја насликав луѓето да ги повикам во Храмот, да ја зацврстат верата, да соберат сила да се борат против најголемиот и најтежок застрашувачки грев."

 

fb.Ik