(Од архивата на Преминпортал)

maki.freski3.jpg

Кога го прашале еден монах иконописец, како настанува една икона, тој одговорил:

„Со помош на благодатта Божја и раката на грешникот.“

 maki.freski4.jpg

Убавината во литургискиот живопис е духовна убавина, а не телесна. Оваа уметност е испосничка и скромна, со сиромаштво изразува богатство; и како што Евангелието и Стариот Завет се едноставни и краткоречиви, така и православниот иконопис е едноставен, без непотребни украси и суетна разметливост.

Фотиј Кондоглу

 

 maki.freski7.jpg

Оти храмот во христијанската теологија најнапред се воздигнува во срцето на човека, онака како што во Псалмот 50 царот Давид повикува "срце чисто подари ми, Боже, и правиот дух, обнови го внатре во мене". Без делувањето на Светиот дух никој не ќе посака да изгради црква.

 

Кица Б. Колбе

  Novifreski.Ljubanci.jpg

д-р Кица Б. Колбе

Секој час во нашите животи  е  само блесокот со кој Бог го изговара Своето чудесно Име во срцата наши! Секое утро, катадневно, постојано, верно и вечно! Само  за да извикаме радосно  - Алилуја! Слава Ти Боже Наш, Слава Ти!


Секој ден е  само непрекината низа  од дарови на Милоста Негова. Тајновидо за оние што не гледаат, јасно како белден за оние што веруваат! Само за да извикаме радосно - Алилуја! Слава Ти Боже Наш, Слава Ти!


Секое годишно време е непресушен  извор на даровите на Превозвишената Убавина на Неговото Творение. Несфатливо за оние што уште талкаат во темнината на незнаењето на Името Божје,  ближно и непоколебливо за оние што Го исповедаат. Само  за да  извикаме радосно – Алилуја! Слава Ти Боже Наш, Слава Ти!


Секое Творение нека го слави Бога, нека му благодари за Неговата  непрониклива Тајна на Љубовта!

Изговори  ја само надумно желбата во Твоето срце - и Бог ќе го отвори патот за нејзиното остварување. Само ако смирено речеме -Амин! “Он, кој на сите ним им ги создал срцата, ги знае сите дела нивни.” ( Псалм 32, 15) Бог е првиот што ја слуша нашата желба за Дарување во Негова Слава и од Љубов и Почит кон Светителите.


Секое дарување  за изградбата и фрескописот на нов храм е празничен чин на исповедање на верата  во Троичниот Бог. Каде се случува тој  празничен чин?

Во тивкоста на срцето.  Во мигот, кога ќе посакаме да благовестуваме  со  силината на  Зборот  Апостолски  за Радоста на Благовештението –  со тоа што ќе даруваме за фрескописот на сцената на Благовештението.

Кога ќе затрепери во срцето желбата јас да сум дарителот  токму на фрескописана сцена од Евангелието –  Рождество на Нашиот Господ Исус Христос. Кога притоа ќе почувствувам дека небаре сум заедно со Ангелите и Пастирите, поклонувајќи се на Младенецот Прекрасен и на Пресветата Дева.

Кога  во тебе како силен пламен  ќе се разбуди  мигновено копнежот по Христа и кога со Псалмопевецот ќе извикаш, “како што кошутата жеднее по водните извори, така душата моја, Боже, копнее по Тебе!” ( Псалм 41,1)  и ќе Ти се пристори, дека нема поголем Дар за Тебе, од тоа ти да си Дарителот за фрескописот на сцената  Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим. Кога твоите мисли ќе станат невидливи палмови гранки на радоста во мигот кога Благодатта ќе  ја допре одајата на твоето срце.

Кога ќе ни се пристори дека  токму во  твојот, во мојот, во нашиот    дар за фрескописот на Чудото со крвоточивата жена  најдлабоко е изговорена твојата, мојата, нашата најгорешта молитва до Бога да ги исцели и најскриените болести на телото и душата.

Кога ќе посакаме да даруваме за фрескописот на Христовото качување на Крстот – за Тој да  ја чуе  мојата, твојата, нашата  горешта исповед  дека и јас, и ти,  сите ние сме  се уште оние што го оставаат  сам во молитвата  во Гетсиманската градина, оние кои се уште се разбегуваат  на сите  страни кога тој покорно, во чинот на за нас неразбирливата Тајна на Неговата Љубов за нас се искачува на Спасителниот Крст.

Кога сите  со еден глас со Лазар Тридневниот во Воскресението Лазарово ќе  извикаме со колкава надежи и копнеж го очекаме Воскресението на Судниот ден. Кога ќе  разбереме во срцето и умот  дека овој век ќе мине, и се ќе мине, само ветувањето  од Бога ќе остане вечно и  верно –  ветувањето на Светот Невечерен!

Воскресна Бог и  смртта  е победена! Небесата заедно со нас   ќе пеат во Слава на Христовото Воскресение, кога ние даруваме за  да бидеме соучесници во вечната слава на  тој Свет Невечерен!


Бог не го бара тоа од нас! Се е од Него - сиот живот е само непрекинат дар на Љубовта  Негова. Тој и како во Гетсимаската градина и   додека ги издржуваше камшикувањата на патот кон Голгота и бодежите  на клинците на Крстот  нема да побара од нас плата и долг – оти се дава себе си без остаток, за да разбре светот дека Неговата Љубов, Љубовта на христијанинот е небески, неземски Дар! За тој Дар му благодариме со големата радост на Дарувањето! За да зачекориме еден ден во Храмот Божји извикувајќи, „Колку се мили Твоите живеалишта, Господи на силите! Копнее душата моја сакајќи да е  во Господовите Дворови; срцето мое и телото мое со радост се стремат кон живиот Бог”. (Псалм 83, 1,2)
 
 
 

 

 Novifreski.Ljubanci.jpg

 

 Novifreski.Ljubanci.jpg

 Преминпортал

 Novifreski.Ljubanci.jpg

 

 

 

Наш избор од архивата на Преминпортал -Април/Мај 2006 год.

 

Бескрајна е радоста во срцето на верникот кога во животот ќе му биде понудена можноста да дарува за изградбата или за фрескописот на  нова црква. Таа радост ја расплатува во неговото срце благодатта на Светиот Дух, без која никој нема да почувствува силна желба да дарува за црквата. Нему  му станува јасно дека кога дарува во слава на Бога и од љубов и  благодарност кон Светителите, всушност, тој   е оној што е бескрајно даруван.

Даровите се знаци на нашата љубов за Бога и за Светителите. Во тој миг, кога ќе се отвори нашето срце  и ние ќе посакаме да даруваме за фрескописот  во црквите, небото се приближува до нас.

Кога срцето ни се отвора  со желбата да даруваме, небото се вселува во него и ние со зачудувачка радост се прашуваме, нема ли да ни се распукне срцето од   таа небеска радост.

Со векови нашиот народ дарувал за изградбата и живописувањето на  православните храмови. За тоа сведочат чудесните цркви во Македонија. Да му благодариме на Бога што  Тој и нам денес ни дава можност да учествуваме во таа радост на дарителите на  Црквата.