Aleksandra.Romanova.jpgЗа единството во бракот

 Секоја жена треба да знае, дека кога се наоѓа во растревоженост или тешкотии, во љубовта на својот маж таа секогаш ќе најде безопасно и тивко пристаниште. Таа треба да знае дека тој ќе ја разбере, и ќе се обраќа кон неа многу внимателно, ќе употреби сила за да ја заштити. Таа никогаш  не смее да се сомнева во тоа, дека во сите нејзини тешкотии тој ќе и сочувствува. Треба, таа никогаш да не се плаши дека ќе сретне ладнотија  или прекор, кога ќе дојде кај него да бара заштита.

 Ако го почитуваш својот сопруг, и другиот е возвишен, а ако не, тогаш и другиот е понижен.
 Треба сопругот да се советува со својата жена за своите дела, планови, да ù доверува нејзе. Можеби таа не така, како и тој, се разбира во тие работи, но можеби ќе знае да предложи нешто многу важно, зашто женската интуиција често заработува побрзо отколку машката логика. Но, дури и ако жената нема да може да му укаже на мажот помош во работата, љубовта кон него ја тера длабоко да се интересира за неговите грижи. И таа е среќна кога тој од неа бара совет, и така тие уште повеќе се зближуваат.

 Ако денот бил благопријатен, таа заедно со мажот ја разделува неговата радост, ако бил несреќен, таа му помага, како верна жена, да ги преживее непријатностите, го ободрува.
 Би требало, рацете на мажот, вдахновени со љубов, да можат да прават сè. Треба во секој маж кој љуби да има големо срце. Многумина кои страдаат треба да најдат помош во вистинско семејство. Секој маж на жена – христијанка, треба да се соедниува со неа во љубовта кон Христос. Од љубовта кон неа, тој ќе помина низ искушенијата во верата. Разделувајќи го нејзиниот живот, исполнет со вера и молитви, тој и својот живот го сврзува со Небото. Обединувањето на земјата во обштата вера во Христос, преплавувањето на взаемната љубов во љубов кон Бога, тие ќе бидат вечно соединети и на небото. Зошто на земјата срцата трошат години, сраснувајќи се во едно, сплетувајќи ги своите животи, сливајќи се со душите во еден сојуз, кој може да се достигне после гробот? Зошто веднаш не се стремиме кон вечноста?

 Не само среќата во животот на мажот зависи од жената, но и развојот и растот на неговиот карактер. Добрата жена – тоа е благослов од Небото, најдобар дар за мажот, негов ангел и извор на неизбројни богатства: нејзиниот глас за него – најсладка музика, нејзината насмевка му го осветува денот, нејзиниот бакнеж – стража на неговата верност, нејзините раце – балсам на неговото здравје и целиот негов живот, нејзиното трудољубие – залог на неговата благосостојба, нејзината економичност – неговиот најнадежен управник, нејзините усни – најдобар негов советник, нејзините гради – најмеката перница, на која се забораваат сите грижи, а нејзините молитви – негов адвокат пред Господ.

(Продолжува)

 

Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

Друго: