Влог

Еден старец, со своите 92 години, со добро држење, кој секое утро во осум часот бил среден и облечен, исчешлан, совршено избричен, иако речиси слеп, се вселил во дом за стари лица.

После неколку часа трпеливо чекање во ходникот на домот, пријатно се насмевнал кога му кажале дека собата му е подготвена. Додека одел кон лифтот, вработената во домот за стари лица, му опишала како изгледа неговата соба.

"Ми се допаѓа", рекол радосно старецот без да ја види собата.

"Но, господине вие сеуште не сте во својата соба, почекајте уште малку" рекло лицето вработено во домот. 

"Тоа нема никаква врска со ова", одговорил старецот, додавајќи:

"Радоста е нешто, за што одлучувате однапред. Дали ќе ми се допадне собата или не, не зависи од тоа како е распореден мебелот, туку како јас ќе ги распоредам своите мисли... Веќе одлучив дека ми се допаѓа. Тоа е одлука која ја носам секое утро кога ќе се разбудам. Јас имам избор: можам да го поминам денот лежејќи во кревет и броејќи ги тешкотиите кои ги имам со делови од телото кои веќе не ми функционираат или, да станам од кревет радосен поради оние делови од моето тело кои се уште се во функција. Секој ден е подарок. И додека ми се отворени очите, ќе мислам на секој нов ден и на сите среќни моменти кои сум ги проживеал. Староста е како банкарска сметка. Со неа го подигнувате она што сте го вложиле. Мој совет до вас е да вложувате многу љубов во банката, затоа што каматата која ви следува е радост ".

По избор на : Наташа Деспотовска Димитриевска