За Битието Божјо
                               ,,Рече безумник во срцето свое :
                                 Нема Бог(пс.52.1)
 
Дали има Бог?Прашање кое го мачи огревовениот свет, прашање на кое секој сака да одговори, се труди ама тоа тешко му оди.И навистина е така ,скоро секој втор човек најпрвин себе си си го поставува тоа прашање ,а потоа и на другите околу себе.Има ли Бог?-постои ли Бог?

Во зависност од одговорот , зависи и смислата на човековото постоење, смислата на човековиот живот.Основно да се докаже дека постои Бог, е утврдување на догмата за постоењето на Бога.Кога ја прашаме нашата совест, дали има Бог , таа ни одговара позитивно.Но постојат луѓе, кои што сакаат тоа да го негираат. Сето тоа е залудно. Совеста е пристрасен судија и таа го оценува нашето однесување , и нашите дела и ни говори кои се добри и кои се лоши.Постојат луѓе кои што сакаат да ја уништат совеста но во тоа нема да успеат никогаш. Јаков успеал да го победи ангелот(1Мој.32гл.24 ст), но човекот својата совест никогаш нема да ја победи, и значи кога е така , како може да нема законодавец а да има законодавство?.

Како што Мојсеј не е правиот писател на таблиците со законот , исто така и ние не сме творци на нашата совест.Па кој е тогаш? Фамилијата?Друштвото? Пријателите? Никој од овие не е , оти и тие се управуваат по совеста. Совеста го покажува битието Божјо, а битието Божјо го покажува редот и хармонијата и се ова што го имаме околу нас. За да веруваме дека постоел некој човек , доволно е  да ги знаеме неговите дела. Ние никогаш не сме ги виделе светите брака Кирил и Методиј, не сме го виделе деспот Јован Оливер, и други слични, но кога ги видиме манастирите кои тие ги изградиле се воодушевуваме на таа убавина.Се восхитуваме на сето тоа И имаме на ум дека тие луге некогаш живееле на овие простори.Исто е и со Бог. Бог никој никогаш не го видел(Јован 1 гл.18 стих)Затоа пак во секој момент го гледаме овој прекрасен свет, кој е дело на божјите раце и заклучуваме дека Бог постои .

Гледаме машина-некој ја измислил!
Слушаме музика-некој ја составил!
Природата е равенка, која ги  интересира сите математичари но не можат да најдат решение.Секој ден гледаме локомотива која минува илјадници километри и комернтираме за нејзината мок и начинот на кој тоа се прави, но што е тоа во споредба со земјата која има најголем пат за најкратко време.Повеке од јасно е дека редот што владее не постанал сам по себе туку морал некој да го створи , некој кој што е најмокен некој кој што на сите светски јазици има едно име- Бог!

Сето она што го имаме околу нас исто така е една слика чија лепота ги воодоошевува многу сликари.Цицерон вели:,,окото на комарецот и крилјата на пеперутката, се доволни да го засрамат оној кој негира дека постои Бог. Секоја година пред нашите очи пролетта ја покажува својата убавина, ни ги покажува убавите цвекиња, летото донесува топло, есента не дарува со плодови а зимата како невеста се покрива со бела облека.И ова не еднаш туку во континуитет секоја година исто, а сето тоа благодарение на ненадминливиот сликар- Бог, што ни покажува дека Бог постои.

И промислата божја ни покажува за Бога , ни покажува за континуитетот на се она околу нас , постојаното надополнување на се околу нас, постоајното обновување на се околу нас. Целата Божја убавина непрекинато се возобновува . За разлика пак од Бог создатлот имаме примери И можеме да направиме споредба со делата на лугето, со нивните дела кои тие ги направиле,а да не зборуваме за квалитетот.

Каде е денеска Соломоновиот храм? Света Софија одвај се познава, а црквата свети Петар во Рим уште не можат да ја вратат во првобитната положба.

Како што има промисла има и Бог. Затоа без мудрување.
Великани на целиот свет и на сите векови, дојдете сега и  објавете го вашиот Творец, слава на Бога во висините и на земјата мир меѓу луѓето добра воља,амин.
 
Отец Душко Пецов –храм св.Петка ,с.Истибања