(отворено писмо до уставните судии и некои медиуми кои се против веронауката, за тоа како се изведуваше,веронауката, и кои се тие што предаваа)
..
Молчевме, бевме културни соговорници кога разговаравме, вие не напаѓавте, а ние час поскоро ви одговараме учтиво, за да не бидеме погрешно разбрани. Сите зборувавте за нас, нас никаде не немаше , ни дававте титули кои ги немаме, својства за кои и не знаеме, не нарекувавте занесењаци, политички полтрони, мантијаши, не бркавте како попови и оџи, (јасно да не навредите, иако веронаука предаваат дипломирани теолози без свештенички чин, со пложена педагогика , методика, дидактика. Можеби, тоа или не го разбирате, или не сакавте да разберете)
 Оние кои не сакаа не слушаа. Ако веќе не се откривме еве сега , тоа сме ние наставниците по веронаука. Многумина зборуваа против нас и нашиот предмет, за нашата вера, дури и за нашата лична определба. Не сликавте во весници, не дававте на вестите, но без тон. Вие зборувавте во наше име. А ние молчевме, бранејки се со љубов, се плашевме за малиот дел од рајот -нашите ученици , да не ги повредиме со нашите работи, со проблемите на возрасните, но, и да не се огрешиме во секуларноста во која живееме. Во државните институции влеговме одговорно и со љубов оти, оној од кого ние се учиме не учи: ,, На Бога божјото, на царот царевото.
 Одевме на семинари се учевме од поискусните. Вие продолжувавте , кога ќе згустеше борбата меѓу политичарите , пак и пак ќе не сликавте, како се крстиме или како го кудиме Дарвин, секако тоа беа ваши зборови( јасно и гласно да се зна во програмата по веронаука не постои ни наговестување за Дарвин, за мајмуните,или еволуцијата, прочитајте и видете). Ние сме наставници по веронаука, да ние сме религиозни, да ние сме Македонци, некои од нас се католици, протестанти, и албанци, да тие се муслимани , да тие ни се комшии , и ние ним. Ретко зашто во оваа држава имавме исто мислење, иста агенда. Вие тоа не го видовте но, ние се дружевме, ние разговаравме..без пцости. Ние сме наставници по веронаука да, и ние сме религиозни но ако нас не има сега мислам околи 250 , религиозни во Македонија се многу повеќе. Видете не на Велигден, знам во црква или џамија не одите но, телевизија и веснци читате, всушност тоа е ваша територија каде ние не се снаоѓаме.. . да не има многу , ние плакаме данок, придонеси за здравство, за образование, сега најважното за една демократија, ние сме и гласачи. Религиозните имаат деца имаат, и нерелигиозните, убе
дувања има многу но слободата е се. И кога сите коментираа за нас, секако со власт како да знаат се за верата, иако не знам каде за неа учеле можеби, на часот по марксизам, се повикувавте на секуларноста, и почнавте прогон. Да чесен суде вие почнавте прогон вие всушност го немате она што го имаме ние- религиозните, способноста да се помириме ако некој не мисли како нас , и да го оставиме да си избере. Вие бранители на секуларната демократија зборувате дека , ете и вие ја браните слободата на верување и живење, но зар не гледате дека тоа го правите со отворен превез ( мислам на Јустиција), вие го браните својот атеизам. И сега што да им одговориме на децата кои плачеа и протестерираа. Збунетите петооделенци заедно со нас станаа нова колатерална штета по НАТО стандарт. Да сите плачевме во средата и четвртокот, ако сакате да ги проверите солзите проверате од друг извор. Како сега ќе им, одговорите на нивните родители дека всушност секуларноста ги крши нивните човекови права.И уште некои се осудуваат да им пресметаат колку потрошиле за учебници( како да ги сожалуваат)..
О колку жалам што не дававте без тон. Не ранивте токму кога требаше да заклучиме дека: ,, Различчностите не соединуваат ,,. За да стигнеме до таму требаше да научиме , да ги почитуваме родителите, другите, поинаквите, да разбереме дека лагата е свет кој не постои, дека друга земја немаме, да благо дариме, да простуваме , да бараме прошка и секогаш да љубиме.. Чесен суде Ти кој се бориш против лагата, знаеше ли дека 80% од нашите деца лагата ја сметаат за снаодливост%( тоа го утврдивме стручно со методи од прирачниците по методика и псхологија на детето). Дека, тие попрво ќе излажат отколку да ја кажат вистината, ете тоа го откривме на часот по веронаука. За да ве убедам дека не лажам ете еден труд на една ученичка Габриела , Господи чувај не од лошото, води не кон доброто. Фалати за здравјето, фалати за животот, заштити ме мене, заштити го оној до мене, заштити го оној во мене, заштити го целиот свет, и добрите и лошите, биди со сите нас, секогаш.... АМИН ( тоа значи нека биде така) Зошто не гоните, не замразивте без да не запознаете, ова никаде не не води.

 Наставник по веронаука Драган Ѓоргиевски