TVIT275

Горан Стојчевски

Парафраза


           - Многу е погрешно да се прави обид за празниците (било кои) да се разобличуваат и дискредитираат, да се кажува дека се измислица и залажување и дека има пандан на таков празник кој што е факт и вистина, а која пак секој не ја прифаќа.   

Социолозите и антрополозите, религиозни и нерелигиозни како Диркем на пример, одамна објективно и научно докажаа дека празнувањето на празниците припаѓа на најдлабоката и првобитна основа на човечката култура и живот. Од историјата не е позната ниту една човечка цивилизација која не празнувала празници. Празникот бил длабоко и органски поврзан со времето со целата рамка на човечкиот живот во светот.

         Сакале ние или не, признале или не, колку да ни се допаѓа или не, христијанството го примило и го присвоило празнувањето како фундаментална човечка појава (насекаде каде се проповедало Крштението и Евангелието), го прифатило сиот човек со сите негови потреби во Христа со цел на преобразба од смрт кон воскресение. Смешно е кога се обидуваме "проблемите" од с(в)о(е)времениот живот да ги разрешиме така што ќе ги поврземе со Велигден, Педесетница, неделата, светителите...

          "Православен" поглед на секуларен празник или било што друго е само уште едно наше залажување дека така ќе извршиме преобразба на нешто "туѓо" за нас. Тоа е само една "современа", а позната гносеологија дека на тој начин ќе го придобиеме светот и човекот кој пак е веќе искупен и спасен, само што треба ние да земеме учество во тоа дело.

          Ние ако навистина ги гледаме небесата, другите ќе ни поверуваат само нас ако нѐ гледаат, друго сведоштво не им треба.
П.С. и секако, среќен 8 март, не треба да сме тумруци.

 

Извор: ФБ профил

Март 2023 лето Господово