и д е н т и т е т и

Саможртвата на еден народ заради негова сопствена афирмација има смисла и логика единствено кога целта е остварување заедница со другите народи, но, во Бога, во личноста на Исус Христос.
При што, работата на нашето признавање не е толку физичка или техничка, колку што е проблем од духовна и метафизичка природа.

makrina.drvo.jpgГрците никогаш нема да ни го простат Александар.
Но време е, нивната забетонирана фрустрација во однос на сè што е во најмала врска со придавката бивша, да ја симнат од агендата на свои акутни воспаленија  во однос на својата северна граница оти во спротивно, непрестајно ќе се сопнуваат при влезот во ОН. Толку за мистичниот карактер на оваа проблематика.


А што се однесува пак, до делот на нивниот христијански идентитет, еве шанса да докажат дека расчистиле со сите митови и легенди од олимпискиот пантеон, и дека му се верни на Оној Кој Е, дека митот за Ѕевс и неговите роднини е неважечки толку колку што ние ја имаме, т.е немаме историската лиценца над името. Идентитетот (и да сакаме) не можеме да го менуваме, идентитетот не е во пасошот или државјанство ниту во заведеноста во регистарот на полицијата во земјата во која се живее.

„Тајната на личноста како „онтолошко „начело“ и „причина“ се состои во тоа што љубовта може да направи нешто да е единствено, да има апсолутен идентитет и име“, вели Зизјулас.

Идентитетот е во ЛИЧНОСТА. Една личност може да е глувонема и да не може да си го изговори или слушне своето име, но нејзината суштина е идентична на нејзиниот назив, на името со коешто е ологосена(насловена). Љубовта како откровение на Божјото присуство во човекот е другото име за Господ, односно за Човекот како Негова слика и прилика.
Сега човекот е на потег. Во смисла на население. Раса, вид, статистички податоци. Од која било националност и религија. Но барем да бидеме свесни дека се случува ресетирање на системот за да се инсталира новиот светски поредок.
Свесноста ќе ни донесе подготвеност и знаење, мудрост и интуиција за тоа како треба да се однесуваме во неповолни или неизвесни ситуации.

Во духот на тековната глобализација, којашто наголемо се случува и се проведува низ планетава, не е можно да исчезнеме, можно е само да го смениме начинот на постоење. Нашиот вистински идентитет е христијанството, и во тој дух, да го следиме Христос: преку Голготата, во моментите кога сме под закана од каков било вид, да не вратиме со исто: ако тие спроведуваат геноцид врз нас, тоа дека ние нема да возвратиме во иста мера нема да биде знак за нашата инфериорност, туку напротив, чудесна надмоќ. Ваквата љубов (кон непријателот) може да ја сфати само оној, кој знае која е неговата вистинска татковина и само заради неа е подготвен да ги сака сите, дури и оние кои го мразат. А, доколку имаме недостиг од ваква љубов, тогаш да не се нарекуваме христијани, и да изнајдеме соодветна, т.e друга стратегија. Такви стратегии деновиве гледаме спроведуваат околниве народи: палат странски амбасади, шират пропаганди, кршат меѓународно право и што ти не...
Бирај аго што ти драго...


Сестра Макрина

Посети:{moshits}