Експертите ја истакнуваат високата ефикасност на црковните рехабилитациони центри во Русија (26-01-2012)


Претставниците на Државниот комитет за борба против наркотици кои учествуваа на ХХ Божиќен форум, истакнаа дека православните рехабилитациони центри за наркомани се со висока ефикасност, соопштува РИА Новости.

Според оценката на Комитетот, околу илјада млади луѓе годишно во Русија умираат поради употреба на наркотици. Во рамките на склучениот договор за соработка помеѓу Руската Православна Црква и Државниот комитет за борба против дроги, Црквата се занимава со реализација на црковни концепти за борба против наркоманијата, која вклучува работа со наркомани од парохиите, духовна помош на семејствата со наркомани, создавање системи за рехабилитација на наркомани и помагање за нивна социјализација. Сега под покровителство на Руската Православна Црква, во Русија делуваат околу 60 рехабилитациони центри за наркомани.

„Овие центри имаат единствен систем на совладување на наркозависноста, и секогаш воодушевува многу високата ефикасност на црковните рехабилитациони центри, која во некои случаи достигнува 80 прценти“, изјави претставник на Комитетот за борба со наркоманијата на Божиќното обраќање.

Според експертите, високиот показател се постигнува затоа што на вообичаеното лечење на наркозавници се придружува социјална рехабилитација и „духовен препород на личноста“.

Со нив се согласува и Владимир Левицки, заменик начанлник на седумнаесетата нарколошка болница во Москва. Според него, причина за високата ефикасност на црковните рехабилитациони центри е тоа што после краткото лечење во нарколошка клиника, наркоманот не оди „на улица“ кадешто го очекува враќање на претходниот живот, туку се наоѓа во место каде можноста за враќање кон наркотици е сведена на минимум.

Извор: www.svetigora.com

 

Преземено од : МПЦ