"И синоќа кога си одевме од кај него барајќи благослов, со својата веќе изнемоштена рака го прекрсти воздухот со совршено спокојно  и сигурно движење така да се чинеше дека тој крст ќе остане таму засекогаш"

patrijarhot.pavle.ul.jpg
 
 Животниот подвиг на Патријархот Павле е најдобар одговор на прашањето како да ни бидат појасни некои прашања на нашата вера. Во часот кога го представуваме трикнижието на тој наслов, за утрешниот ден, не се плаши единствено Патријархот Павле. Неговиот народ на секое црквено звоно се стресува и на секое споменување на неговото име трепти  само од една вест молејќи се таа чаша да го заобиколи, во овој час кога им е најпотребен и кога секој еден се прашува како без него. Единствен кој таа грижа ја поминал е Патријархот Павле кој се подвизуваше во секој миг да биде спремен да излезе пред лицето Божјо, живеејки како да секој нареден ден ќе му биде суден ден и секој збор последен. Како да ги исполнуваше сопствените зборови: "Кога човекот ќе се роди, цел свет се радува , а само тој плаче. Но треба да живее така што, кога ќе умре, цел свет ќе плаче , а само тој ќе се радува". Одамна е станат познат одговорот на она дете кое на прашањето Кој е ова? одговори: "Тоа е Патријархот српски Господин Павле - да бидеме луѓе!"За овој додаток на својата титула Патријархот Павле го заложи и својот живот и својот понтификат. И во болничката постела не престанува да служи повторувајки да бидеме луѓе и да издржиме до крај. "Не сме ја бирале ниту земјата каде ќе се родиме, ниту народот во кој ќе се родиме, ниту времето во кое ќе се родиме, но бираме едно - дали ќе бидеме луѓе или нелуѓе." 

И синоќа кога си одевме од кај него барајќи благослов, со својата веќе изнемоштена рака го прекрсти воздухот со совршено спокојно  и сигурно движење така да се чинеше дека тој крст ќе остане таму засекогаш.

 Никој во побучно време не зборувал потивко, а де се слушне далеку, никој не зборувал помалку а да кажал повеќе, никој во најбезочно време не ја гледал подолго вистината право во очи. Никој за славата земна не се грабал помалку, никој не се украсил со повеќе украси а од секаков украс да се лишувал. Никој не бил поприроден во најнеприродните услови, никој својот авторитет не го воспоставил поедноставно, без одвишок на зборови и одвишок на движења. Никој својот збор не го извеал од се што е одповеќе, а себеси и својата душа да ја истреби од секаква трошка, а сепак да рече: "Среќен сум што не сум безгрешен".

Бог знае дали е случајно тоа што косовската драма се поклопува со драмата на Патријархот српски Павле, долгогодишниот Епископ рашко - призренски и денешен Архиепископ печки. И речениците кои ги повторува најчесто се однесуваат на Косово. Во најголемите светилишта со Печката Патријаршија, Дечани, Богородица Левишка, Грачаница, Партијархот Павле го вбројува и Косовско Поле " На кое е одбранет нашиот најважен национален и духовен принцип". За него Косово не е само крај и земја на која се нашите најголеми светилишта "туку и науката која во нив е предавана и на која тие не учеа". Сите дефиниции на Косовскиот Завет и на Царството Небесно ги надвишуваат зборот на Патријархот Павле. Тоа е збор кој пред него можеби никогаш не е изговорен ниту на еден јазик, а посебно не го изговорил духовен лидер на еден народ.
"Кога основањето на нашата независна држава и нејзиното одржување и напредок би биле возможни само со злостор, јас попрво би се согласил да исчезне не само голема туку и мала Србија и сите Срби заедно со мене, отколку што ќе се согласам на нечовечко и нечовечно. Ете тоа е за мене Косовскиот Завет и определувањето за Царството Небесно".
"Светиот кнез Лазар не е против животот на земјата ниту против царството земно. Но кога веќе треба едното да се изгуби, подобро да се изгуби земното отколку небесното".    
                      
Но "ништо не е изгубено додека не е изгубено". Со сето кажано, Патријархот Павле е еден од најизведените писатели на српски јазик. Неговиот глас и дикција е најпродуховената мелодија на нашиот јавен говор. Патријархот пишува како што зборува, а зборува како што живее, оној кој стана најубедливата личност на нашето време. Таква нарација единствено е можно да дојде од книгите. Нашиот Патријарх е и усмен и писмен, но е пописмен отколку поустен. Дојде од книгите и и служеше на книгата, онаа едната единствената и најважната, чие што слово го роди и чиј што јунак е и тој самиот.
(Говор на академикот Матиј Бечкович на претставувањето на трикнижието на Патријархот Павле: "Да ни бидат појасни некои прашања на нашата вера", на Коларчевиот народен универзитет, 29.ноемви 2007 година)
Извор:Политика(8. декември 2007. година)
Извор:спц
Подготви:С.С.

Посети:{moshits}