ВО ЕКАТЕРИНБУРГ ПРВИОТ ДЕН ОД 2008 ГОДИНА ПРЕД ЧУДОТВОРНАТА ИКОНА НА МАЈКАТА БОЖЈА "НЕИСПИЕНА ЧАША"  ЌЕ БИДЕ ПРИНЕСЕН ЗАВЕТ НА ТРЕЗВЕНОСТ           

             

Екатеринбург 17 декември 2007 година. 

Во Екатеринбург овие денови престојува големиот светилник-иконата на Пресвета Богородица Неиспиена Чаша од Серпуховскиот женски манастир. На 27 декември светилникот ќе биде дочекан во храмот на Сите Свети во Ново-Тихвинскиот женски манастир.

Тука пред чудотворната икона на 1 јануари кје се одржи заветувањјето на трезвеност.    Овој начин на заветување, кој го иницира православното друштво "Трезвеност", стана традиција во Екатеринбург. Заветот на Трезвеноста е ветување пред Бога пред крстот и пред евангелието(а во дадениот случај и пред чудотворната икона) дека нема да се пуши, да се пие, да се пцуе, да се играат хазардни игри и исто така и да не се наведуваат другите на тоа. Да се даде завет може и за еден месец, една година па дури и до крајот на животот.

Тоа се прави заради здобивање  на доблеста на воздржание, а исто така и заради поддршка на оние кои страдаат, како и заради пример на останатите.Токму заради тоа некогаш  даваат завет мајките заради децата , жените заради мажите. За тоа на колку време некој ќе реши да даде завет, треба за тоа да се посоветува со својот духовник.

Подготви: Стефановска Сузана: Извор.Моспат.Ру

 

 


 Друго: +++

 Екатеринбург. Храм - на - Крови (расположен на месте расстрела царской семьи).

+++

Ноќта на 16 спроти 17 јули 2006 год., православна Русија повторно го спомнуваше трагичниот настан на убивањето на светите царски маченици во Екатеринбург. Веќе неколку години по ред во оваа ноќ во храмот подигнат на местото на нивното стрелање, се одржува сеноќно бдение и Божествена Литургија на кои се собира голем број на поклоници од цела Русија. Оваа година со службата чиноначалствуваше Архиепископот Екатеринбургски и Верхотурски Викентиј во сослужение на Архиереј на Ерусалимската Православна Црква, Митрополитот Востренски Тимотеј, којшто во Екатеринбург донесе честица на Животворниот Крст Господов. Богослужењето беше пренесувано и надвор, бидејќи храмот сместува мал број поклоници. Имаше и директен пренос на телевизија и радио. По завршетокот на службата, околу 6 часот наутро од храмот тргна Литија до Гањина јама, местото кадешто беа уништени останките на царското семејство и кадешто е подигнат манастир во чест на светите царски маченици. „Царските денови“ во 2005 година собраа околу 10000 учесници, а оваа година на литијата од 20 километри пројдоа околу 15000 мештани и поклоници. Во манастирот, кадешто се одржа молебен и Божествена Литургија, дојдоа околу 10 часот наутро. Богослужбите во чест на светите царски маченици во храмот во Екатеринбург и во манастирот во Гањина јама на 17 јули се одржуваа непрестајно во текот на денот.

Литии и богослужби во чест на царските маченици се одржуваа и во Киев, Симферопол и други градови во Русија.       


Известува: http://www.patriarhia.ru/db/text/126446.html

Извор: МПЦ

+++

 

 

Посети: {moshits}