Тирана /27/11/ 16:50
Makfax

Автокефалната Православна Црква (АПЦ) во Албанија е целосно грцизирана, оценуваат албанските медиуми по вчерашното назначување на Грк за нов митрополит на Ѓирокастро

Митрополитот Димитри Синематис е трет висок свештеник во АПЦ кој има грчко државјанство. Назначувањето со верски обреди во црквата Света Влахија во Ѓирокастро го изврши поглаварот на АПЦ, архиепископот Анастасиос. Митрополијата Ѓирокастро ги опфаќа и Пермет, Саранда и Тепелена.

Според медиумите, назначувањето на новиот митрополит од страна на неколку грчки радио станици кои се слушаат и во јужна Албанија, било искористено за зајакнување на грчката пропаганда во Албанија.

Архиепископот Анастасиос, исто така, има само грчко државјанство, а официјална Тирана и покрај неговите барања, до сега му нема дадено албанско државјанство, истакнуваат медиумите во Тирана./крај/мн/ил/б