До неодамна, стапката на роденост во Грузија, поради политичките конфликти и социјалната беда, била една од најниските во светот, но сѐ се изменило откако грузискиот патријарх Илија II го искажал своето убедливо слово, пишува Financial Times Deutschland.  
  Пред година и пол тој ја повикал својата паства да раѓаат деца, раскажува авторот на статијата - Катрин Вернер. Тогаш ветил дека лично ќе го крсти секое грузиско дете што ќе се роди во семејство со три или повеќе деца, и дека ќе му биде кум. Тоа што се случило подоцна ги надминало сите очекувања. Ако во 2007 година во Грузија се родиле околу 48 илјади деца, минатата година бројката изнесувала приближно 57 илјади новородени. Прираст од речиси 20 отсто.  Сега патријархот Илија има повеќе од 2000 кумашинчиња, а Грузиската црква зборува дека ова е чудо.
 Несомнено, забележува авторот на материјалот, заслугата на Црквата во зголемувањето на раѓањата во државата е исклучително голема, но, исто така, не може да се отфрли од пресметките и подобрувањето на економската состојба, коешто се случи во последните години. Меѓутоа, има уште еден факт што може да се одрази на стапката на роденост - тоа е војната со Русија. Но сѐ уште е рано да се суди за последиците од тоа, тие ќе се почувствуваат дури по месец мај. 


од руски: Бобан Митевски
извор: inopressa.ru