3.angeli.so.truba

Сестрите од Архиепископијата во Темишвар при Романската Црква се собраа во неделата вечер да им помогнат на локалните болници во борбата против КОВИД-19 пандемијата.

За една вечер, тие сошија 2600 крпи за еднократна употреба, кои потоа беа дистрибуирани до одделот за интензивна нега на локалните болници.

Донесени беа 1400 крпи во локалната болница, а други 1200 во инфективната болница Виктор Бабеш. Болниците во Темишвар се соочуваат со криза на залихи поради растот на бројот на нови случаи на заразени со КОВИД-19 и се особено благодарни на помошта од Црквата.

„Ѝ благодариме на Митрополијата Банат за нејзината грижа и за целата помош што ни ја даде во овој период на пандемија“, напишаа вработените на Виктор Бабеш на официјалната Фејсбук страница на болницата.

Сестрите ги подготвиле крпите по иницијатива и под директен надзор на Банатскиот Митрополит, како дел од долгата низа донации направени од епархискиот центар во последните 8 месеци. Социјално-добротворниот оддел на Архиепископијата во Темишвар и Фондацијата за милосрдна дејност од Темишвар донираа и организираа донации на медицинска и заштитна опрема во текот на вонредната состојба, а покрај другото беа доставени 16,5 тони храна до разни здравствени и социјални установи.

 

 

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/sestrinska-grizha-za-postradanite-od-pandemijata/