Во Галилеја на северот на Израел се пронајдени остатоци од црква која била подигната на местото на домот на апостолот Петар и Андерј, соопштиле денеска археолозите.

Мордехај Авиам од Академијата Колеџ Кинерет на брегот на Галилејското Езеро вели дека ископувањето во близина на Ел Арад потврдило дека тоа е градот Бетсаида, рибарско село во кое се родени Петар и неговиот брат Андреј, како што е напишано во Евангелие по Јован.

Византиската црква е најдена покрај остатоци од населба од времето на Римајните и одговата на локацијата на Бетсаида како што ја опишува римскиот историчар од првиот век.

Новооткриената црква одговара на описот на баварскиот свештеник Вилибалд од Ејста, кој ја посетил областа во 725 година и изјавил дека црквата во Бетсаиди била подигната на местото на Петро и Андреј.

Од Вилибалд Витсаида лежи меѓу библиските места на Капернаум и Курси.

„Ние ископавме само една третина од црквата, може и помалку, но имаме црква, тоа е сигурно“ рекол Авиам.
Тој објасни дека “црковниот план, датумите се византиски, мозаикот на подот е типичен” и дека сè е “карактеристично за црквата”.

Христијаните го сметаат Свети Петар, рибар, еден од првите следбеници на Исус и водачот на раната црква по Христовото вознесение. Католичката црква го смета за прв папа.

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/pronajdena-rodnata-kukja-na-apostol-petar-na-negovite-temeli-e-podignata-drevna-crkva/