Job.jpg

18 Мај, Света Архиерејска Литургија
 Свети Јосиф, Православна Црква во Америка,Витон, Иллиноис


ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

  На 18 мај во Неделата посветена на  Раслабениот  во црквата посветена на  Свети Јосиф и Свети Маченик Габриел во Витон, Иллиноис која е дел на Православаната Црква во Америка  се одбележа 10 годишен јубилеј од постоењето на црквата. Света Архиерејска Литургија отслужи Архиепископот за Средно западна Америка Г-дин Г-дин Јоб, а црковното пеење го збогати хорот од Семинаријата Свети Тихон, Пенсилванија. На Богослузбата беше поканет и полскиот Архиепископ Сања кој беше спречен да дојде, но на црквата и испрати мошти од Свети Маченик Игнатиус од Јаблезна(Jableczna), Светител од Полска кој бил убиен од нацистите 1942 година.

  “Оваа црква е редок пример на вистински Христијански дом “низ солзи радосници истакна Архиепископот Јоб. Интересна е врската помеѓу црковната општина Свети Јосиф и Свети Маченик Габриел.

  Уште во деведесетите години времето на падот на комунизмот Отец Јон со сопругата  организираа интернационални Православни летни кампови и други религиозно едукативни програми, илегални за времето на комунизмот во Русија и Полска. Многу од верниците на денешнава црква партиципираа во тие кампови  кои секогаш вклучуваа посета на моштите на Свети Маченик Габриел во Биалсток Катедралната црква. Во 1997 година Архиепископот Сава од Биалсток ја посети тогашната црковна опстина и и' поклони дел од Светите мошти. Реликвијата беше вградена во икона на Свети Маченик Габриел која Отец Јон ја купи на едно од патувањата во Полска и се чува во олтарот на црквата. Веднаш  после настанот по Божја промисла се воведуваше и старословенески јазик во литургијата заради големиот број на верници од словенско говорно подрачје. Од само пред нешто повеќе од десетина години кога поради немање на средства Богослужбите се одржуваа во изнајмени простории, тогашната црковна општина прерасна во Црква со стотици верници со богата мисионерска дејност.

  На Богослужбите заедно се молат верници од  Америка, Полска, Русија, Украина, Бугарија, Албанија, Романија, Етиопија, Грција, Србија, Македонија а пред љубовта кон Бога , политиката е немоќна да ги раздели. Нескриено е задоволството на отец Јон поради присуството на верници од Македонија, и како вљубеник во македонското црковно пеење често пати ќе не замоли  “Запејте ми нешто на Македонски”.
  По молитвите на Свети Јосиф, Свети Габрриел и Свети Игнатиус нека е за Многу години!

 Job1.jpg

Job2.jpg

Job3.jpg

 

Прилогот го подготвија верници при МПЦ Св Кирил И Методиј, Хинсдел (Чикаго), Илиноис.