13 ноември 2016 лето Господово

251409.b.jpg

Христијанските цркви во Индија доживуваат невиден наплив на парохјани.251409.b.jpg Оваа појава е уште повеќе за восхит, бидејќи се случува во услови на пораст на гонењето на Христијаните во оваа земја, соопштува Christian today.

Оваа појава е најзабележителна во земјоделската општина во Раџастан, која е најголема сојузна држава на западна Индија, каде се забележува значителен пораст на христијанското население. Во една од локалните цркви доаѓаат околу 2 илјади парохјани за да учествуваат на неделните служби. Иако народот доаѓа во црква, на членовите на семејствата им се паѓа да одат во црква во различни периоди од денот, за некој да може да остане дома за да се грижи за домашните животни. Во принцип, парохјаните од христијанските цркви во Индија се од сите слоеви на општеството. Според последните истражувања, до денес во Индија има од 25 до 30 милини Христијани. Во најголем дел тие ѝ припаѓаат на Римокатоличката црква, а 1 милијарда се следбеници на хинду религијата.

Инаку, според социолошката организација Open Doors, во моментов Индија се наоѓа на 17 – то место во списокот на земји каде што Христијаните се изложени на најжестоки прогони. Истата организација го карактеризира сегашното ниво на вознемирување како „сериозно“, забележувајќи зголемување на екстремизмот кој останува неказнет во оваа земја.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир