248517.b.jpg

05 октомври 2016 лето Господово

ТВ водителот Николај Дроздов предложи редовно да се читаат извадоци од Библијата на водечките руски канали и радио станици.

 

„Сметам дека е неопходно да се чита Библијата на радио и на Телевизија“, изјави Дроздов. „Читањето на Светото Писмо во етерот може да се смета како израз на грижа за руските граѓани, тоа овозможува подобрување на ’екологијата на нивните души‘“, смета тој. „Постои екологија на планетата земја, екологија на водата, но треба да се зборува и за екологија на душата“, додаде познатиот ТВ. водител.


Николај Дроздов не е само верник туку и потомок на Митрополитот Московски и Коломенски Филарет (Дроздов). Тој е член на Јавната комора на Русија од 2014 година, член на десетици комисии на Руската Федерација, поточно на комисиите за култура, за усогласување на меѓунационалните и меѓурелигиозните односи, за добротворна дејност и патриотско воспитание, за развој на државната дипломатија и поддршка на руските граѓани во странство.

 

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир