239813.b.jpg

20 јуни 2016 лето Господово

Во огнот на битките за северната престолнина на Сирија,Сиро-јаковитските христијани на Алепо ги снабдуваат со прехранбени продукти сиромашните муслимански семејства од овој град. Секојдневно Сиро-јаковитската епархија на Алепо му испраќа на најзагрозените муслимани- земјаци од населбата Сулејманија, утрински и вечерен оброк (бидејќи во тек е Рамадан). Со иницијатива за пружање помош на своите соседи муслимани, истапи Алепската епархија на Сиро-јаковитската црква. Иницијаторите сметаат дека тоа е едноставно гест на солидарност кон граѓаните со друга вероисповест, со надеж дека кога во Сирија ќе прекине вооружениот судир, ќе се врати и атмосферата на мирно сожителство со муслиманското мнозинство, што беше карактеристично за земјата пред војната.

Всушност, многу сиромашни муслимани добија привремено засолниште во црковните заедници, откако беа разурнати нивните домови.

Претстојател на оваа епархија беше Митрополитот Григориј Јован Ибрахим, кој пред повеќе од 3 години беше грабнат од терористите заедно својот православен собрат Митрополит Павле Јазиги. За судбината на двајцата ерарси до ден - денес не се знае ништо.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир