2.jpg

25 февруари 2016 лето Господово

Мелкитскиот епископ на  најголемиот град на Сирија, во своето интервју за организацијата „Помош на Црквата во неволја“, изјави дека сириските христијани се цврсто решени да останат во опустошената од војна земја.

„Причината поради која ние христијаните сме спремни така да постапиме и покрај сѐ што ќе се случува со нас, е длабоко вкоренета во историјата на нашата Црква, која е Црква на првите христијани“, изјави архиепископот Жан-Клеман Жанбар. „Свети Павле бил крстен и миропомазан, добил свештенички чин и бил испратен да ја проповеда благата вест на нашите предци во Дамаск“, рече Мелкитскиот архиепископ за повиканиот Савле, којшто стана Павле.

„Христијаните коишто денес овде страдаат, се потомци на христијанските верници што останале верни на Христа во текот на 2 илјади години, и имале смелост да платат со својот живот за својата нескршлива преданост кон Црквата на Овоплотеното Слово, Кој секогаш бил Алфа и Омега на нивното постоење“, продолжи сирискиот ерарх.

Барајќи од своите браќа христијани молитва и поддршка, архиепископот Жанбар изјавил: „Потребна ни е нивната постојана и решителна заштита, од страна на нивните политички претставници и на нивните влади. Се надеваме дека тие еднаш и засекогаш ќе сфатат дека ние сме цврсто решени да останеме во нашата сопствена земја. Тоа е насушна потреба за нас и претставува очигледно и неотуѓиво право на човекот; тоа ни значи толку, колку што и самиот наш живот“, истакна Мелкитскиот архиепископ на Алепо.

Извор: Седмица.ру

Преземено од: Бигорски манастир