01.jpg

Софија: Канонизација на Св. Серафим Соболев

26 февруари 2016 лето Господово

Утрово на 26 февруари, во денот на успението на Св. Серафим Софиски Чудотворец, се одржа неговото прославување во храмот „Св. Александар Невски“.

Прославувањето на Богучарскиот архиепископ Серафим ги просветли сите со благодатна сила и единствено православно сведоштво, возглавено од Светејшиот Патријарх Бугарски Неофит, во сослужение со архиереите претставници на Руската Православна Црква, свештениците, свештеномонасите и ѓаконите, како и од соборната молитва на сите присутни во храмот.

03.jpg

Беше прочитано Патријаршиското и Синодално послание по повод прославувањето на новоканонизираниот Св. Серафим Софиски Чудотворец, во коешто меѓу другото, се вели:

„Мачениците и исповедниците на верата, рамноапостолните просветители и владетели, преподобните отци и мајки, пустиножителите и новомачениците – сите тие, во своето време и на своето место, беа и остануваат наши верни образи и сопатници по долгиот пат на нашиот благочестив народ и на сите нас кон Христа и Неговото Царство! Таа Божја милост продолжува да се излева над нас и сега, кога владее невидена духовна конфузија и тотална криза на вредностите и идентитетот. Криза, којашто бугарскиот народ ја преживува заедно со целиот свет  и целото човештво. Среде оваа криза во духовноста и правците, ние гледаме дека Бог повторно не нѐ заборавил, испраќајќи ни од Својата небесна одаја нови и нови благодатни сопатници, каков што е и денешниот торжествено прославен Светија и Божји угодник – Бугарскиот архиепископ и Софиски Чудотворец Серафим (Соболев)“.

02.jpg

04.jpg

Извор: Патријаршија.бг

Преземено од: Бигорски манастир