219540.p.jpg

Народот може да биде победен само во случај кога ќе падне во блуд, ќе се заблуди

5 ноември 2015 лето Господово

На празникот на Казанската икона на Божјата Мајка, 5 ноември 2015, Светејшиот Патријарх Московски и на цела Русија Кирил,219540.p.jpg отслужи Божествена Литургија во Патријаршискиот Успенски соборен храм во Московски Кремљ. По завршувањето на богослужбата Претстојателот на Руската Црква се обрати кон верниците со проповед. Меѓу другото Светејшиот Патријарх рече:

„На многу од нас ни е познато колку е опасно да се изгубиме во шумата, кога во еден момент ќе нема да знаеш каде да одиш и ќе те опфати страв. А што се случува кога човекот ќе се загуби во својот живот? Светите Отци многу добро сфаќале дека тој феномен на блуд и заблудување е вистински поврзан со помрачувањето на моралното чувство.

Еве и сега ние зборуваме за опасностите коишто стојат пред Рускиот народ. Ние гледаме што се случува во братска Украина. Многу од нас се вознемирени и во врска со она што може да се случи во нашата земја. Се молиме за Господ да ја сочува неа од внатрешните и надворешните непријатели.

А во каков случај тие непријатели можат да го победат народот? Имено, тогаш кога народот ќе падне во блуд, ќе се заблуди, ќе го изгуби координативниот систем. И со оглед на тоа дека неопходен услов за ослободување на човекот од блудот е моралната сила, ние всушност зборуваме за неопходноста од моралното воспитание на нашиот народ.

Денес Црквата е во првите борбени редови на битката за народната моралност и како за тоа ѝ се враќа на Црквата! Колку многу строги обвинувања, меѓу другото кај заблудените, за тоа дека Црквата нѐ враќа назад кон средновековието. Меѓутоа во ниеден период од минатото Црквата никого не уназадувала, туку им предлагала на луѓето да ја осознаат великата Божествена Вистина: човекот не застранува од животниот пат доколку го заснова својот живот на Божјите заповеди, над моралните закони.

И никој повикувајќи се на уметноста, слободата на творењето, слободата на говорот, слободата на самоизразување не смее да ја урива моралноста на народот. Свесно да го прават тоа можат само оние кои ѝ посакуваат распад на земјата, бидејќи целокупноста на моралното чувство на нацијата и безбедноста на општеството се речиси синоними. Кога непријателот напаѓал на нашата земја, што најпрво правел тој? Тој се трудел да го разурне моралниот живот на народот, за нашите луѓе да го изгубат моралниот правец, и навистина ние никогаш не би победиле во војната доколку ги изгубиме тие одредници.

Еве и денес на народното единство, јас пред сѐ се молам за Господ да го сочува моралното чувство на нашиот народ“.

Извор: Православие.ру