Aleksij.patrijarh.jpgСветиот Синод на Руската Православна Црква категорично го осуди решението на Цариградската Патријаршија да ја присоедини територијата на Кинеската Народна Република кон својата Хонг-Конгска митрополија. На заседанието во вторник оваа седмица, тоа решение се именува како „кршење на правата на Кинеската автономна Црква“.

„Ова решение е донесено еднострано, без да се побара мислење од православните верници во Кина“, истакнуваат учесниците на заседанието. Во изјавата исто така се вели за „несправедливоста и канонската нелегалност на решението на Цариградскиот престол, кој нанесува штета на мирот и благосостојбата на Божјите Цркви“. Архиереите укажуваат и на многубројните духовни врски на Руската Црква со Кина, каде што „со нејзин труд се изградени десетица православни храмови, преведени се на кинески јазик свештени и богослужбени книги, воспитани се во православно благочетие и дури верност до смрт многу сведоци на нашиот Господ Исус Христос“.

 

Извор:Интерфакс